Почеток на крајот - Успешна приказна - Приземен кабинет по физика
Почеток на крајот – Успешна приказна – Приземен кабинет по физика
По две години упорно, понекогаш и тивко, барање помош од сите можни институции, конечно се наѕираат убави вести. Резултатот што толку долго го очекував е сè поблиску. Не велам дека се борев – едноставно, немав избор. Старите велат: „Што е наше – ќе си дојде.“
Родителскиот совет беше навремено информиран за сè, но веројатно моите барања не беа сфатени сериозно или и тие беа беспомошни како мене.. Последиците од таа негрижа ги чувствуваме сите. Наместо да бараат решенија, некои славеа мали победи стекнати со невистини и нечесност.
Оваа седмица (втора во април) ветува почеток на крајот – крај на една грда приказна која, и покрај сè, води кон успешен нов почеток. Моите „почетоци“ од ковид-навака секогаш се случуваат кон крајот на учебната година. Верувам дека на 10 јуни, кога сè ќе стане неважно – ќе се случи.
За да бидам разбрана, приказната ќе ја раскажам низ минимум фотографии – но да знаете, зад секоја фотографија стои многу повеќе.
И покрај сите пречки, не се предаваме.
Во сè сме најдобри, најиновативни и најкреативни.
Од срце им благодарам на сите кои беа тука – кои ме поддржаа и помогнаа.💛
Дали грми, дали се земја тресе,
дали отпад данок наплатува?
Ниту грми, ниту се земја тресе,
ниту отпад данок наплатува.
Местат табла, среде сиот неред,
местат табла – среде депонија.
Данок ќе е со повисока цена.
Секоја лага – перо соколово,
секој проблем – орелско крило.
Летнете, пиленца, од овој кокошарник,
каде и да одлетате –
среќно да ви биде.
Тука немаме аршини прави,
вистината – во кал се валка.
Но, без грижи – перјето се пере,
и ново расне;
но нечиста душа – за навек талка.
2. maj 2025 - изглед на училницата без наше присуство, недоваросана и со "опасен" отпад.
Олукот од зелената табла од 11 април, сеуште тука
Убаво откритие:
ОПАСНИОТ ОТПАД ДИСЛОЦИРАН!
Без никакво известување, но сите забележавме – во петок, а и денес (понеделник), немаше мирис на горена гума во училницата. Огромна благодарност до непознатиот сторител – нашиот храбар херој.
Реагирав на сите инстанци: МОН, БРО, МВР, АРМ, Заштита при работа, Специјални единици за опасности, Општина, Училишен одбор... Но кој собра храброст и делуваше – не знам. Засекогаш сум му благодарна.
Спречен е немил настан. А воздухот – конечно се дише полесно. БЛАГОДАРАМ!
Сега безбедно ќе ги изнесеме и старите, неупотребливи плакари во ходникот.
Хероју наш, радост си!
Недотерано, со стари траги од престојот на учениците, но со дебела ладовина и тивка убавина.
Вредеше напорот да се стигне до ваков резултат – од депонија, повторно училница.
Браво за сите борци што го вратија ова мало, мирно катче!
Comments
Post a Comment