Финална конференција на европскиот проект CUPID
Од 2019 година, кога започна воведувањето на инклузијата во основните училишта, учев и сѐ уште учам од најдобрите. Иако сѐ уште ни недостигаат многу работи, желбата и посветеноста да им пружам поддршка на сите деца со посебни образовни потреби кои доаѓаа во нашето училиште секогаш беа мој приоритет. За жал, интересот и поддршката од институциите и од поединците не се на потребното ниво, иако многу ресурси ни се достапни, па дури имаме и повеќе можности отколку што понекогаш ги користиме. Посебна благодарност заслужува Владимир Трајковски , кој обезбеди бројни бесплатни вебинари. Тие беа вистински ветер во грб за сите што сакаа да научат нешто ново, да ги прошират своите знаења и да слушнат практични совети за различните ситуации со кои секојдневно се среќаваме во работата со децата. Неговата несебична поддршка и споделување на знаењето претставуваат значаен придонес во унапредувањето на инклузивното образование и во јакнењето на компетенциите на наставниците и стручните соработници....