СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ, НИВНАТА УПОТРЕБА И МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ КАЈ МЛАДИТЕ















 

Кратко објаснување:

Од 16 до 19.08.2023 година, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, се одржа TechCamp за медиумска писменост под насловот „Спротивставување на дезинформации преку образование“. TechCamp беше организиран од Центарот за иновации и дигитално образование од Диг-Ед, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија и тимот на TechCamp на Стејт департментот на САД од Вашингтон. На овој TechCamp учествуваа 40 наставници од различни предметни области во основното образование, со цел зајакнување на нивната дигитална и медиумска писменост.

Главната цел на TechCamp беше да се развие медиумската писменост и вештините за сајбер безбедност на наставниците, за да се спротивстават на погрешните информации и дезинформациите во училиштата, да се подобри социјалната кохезија меѓу различните етникуми и да се поддржи развојот на младите. За време на TechCamp наставниците беа обучени да создаваат отворени образовни ресурси за медиумска писменост и едукација за сајбер безбедност на локалниот јазик.

Проектните активности се одвивале до декември 2024 година, со главна тема: „Развивање и тестирање на наставна програма за медиумска писменост“.

Во проектот работеле и соработувале 5 училишта:

ООУ „Блаже Конески“, Прилеп

ООУ „Петар Поп Арсов“, Скопје

ООУ „Димитар Миладинов“, Скопје

ООУ „Марко Цепенков“, Зелениково

ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, Ранковце

Целта ни беше да изработиме барем три програми за слободен изборен предмет кои ќе се преведат на турски, албански и англиски јазик, како и да се уреди проектната веб-страница.

Со завршувањето на проектот за медиумска писменост, не само што ги развивме вештините на учениците, туку поставивме основа за образовна промена. Програмата е одобрена од Бирото за развој на образованието и сега е време да ја прошириме низ цела Македонија.

Овој проект е само почеток. Оспособувајќи ги учениците да размислуваат критички за медиумите, создаваме генерација која ќе води поинформиран и одговорен дигитален живот. За активностите и тестирањето на програмата повикувавме стручни лица од различни области.

Завршната манифестација на проектните активности во ООУ „Димитар Миладинов“ се случи со предавањето на Димитар Караташев, вработен во маркетинг агенција MEDIA HOUSE.

Comments

Popular posts from this blog

Empowering Education: My Transformative Experience at Ohrid TechCamp 2023 - Aida Petrovska

Развивање и тестирање наставна програма за медиумска писменост

Осмомартовска акција