Пролет 2025
Секоја рамноденица ни е предвидена за Ератостенов експеримент.
Со оглед на тоа што пролетта започнува утре, на многумина можеби им изгледа чудно што во училиште учеле дека пролетта започнува на 21 март.
Не учеле погрешно. До 2011 година, пролетта навистина започнувала на 21 март. Оттогаш започнува на 20 март. До 2011 година датумот се менуваше меѓу 20 и 21 март. Така ќе биде до 2048 година, кога почетокот на пролетта ќе биде меѓу 19 и 20 март. Дури во 2102 година почетокот на пролетта повторно ќе биде на 20 и 21 март.
Пролетта започнува кога Сонцето, во своето годишно движење, го преминува екваторот и започнува да се движи кон север. На 20 март, Сонцето ќе изгрее точно на исток во 6 часот и 24 минути и ќе зајде на запад во 18 часот и 24 минути (локално време).
Постојат два различни методи за одредување на почетокот и крајот на годишните времиња: метеоролошки и астрономски.
Метеоролошкиот метод го користат метеоролозите кои ја набљудуваат температурата и состојбата на атмосферата. Според овој метод, секоја сезона трае по три месеци, а пролетта трае од 1 март до 31 мај.
Вториот метод се базира на астрономските сезони и се однесува на положбата на орбитата на Земјата во однос на Сонцето. Почетокот на годишните времиња се поврзува со времетраењето на денот. Астрономски, пролетта започнува кога Сонцето преминува од јужната на северната хемисфера. Тогаш Сонцето изгрева на исток, а заоѓа на запад на хоризонтот. Денот и ноќта траат подеднакво и затоа тој ден се нарекува ден на пролетната рамноденица. Токму со овој метод утре започнува пролетта.
(Тропската година трае 365 дена, 5 часа, 48 минути и 45,5 секунди, што ја прави подолга од календарската година. Овие дополнителни 6 часа секоја година предизвикуваат пролетта да започнува малку порано секоја година. Со текот на времето, овие дополнителни часови се собираат, што создава потреба за воведување на престапни години. Престапната година (секој четврти циклус) додава еден дополнителен ден во февруари за да се избалансира разликата и календарот да биде поблиску до тропската година.
Затоа, рамноденицата може да настапи на различни датуми секоја година, обично од 19 до 21 март, а понекогаш и на 22 март. Сонцето не поминува секоја година во исто време низ пролетната точка (точката на пролетната рамноденица), што ја прави оваа појава варијабилна.)
https://novamakedonija.com.mk/prilozi/kolibri/eratosten-od-skopje-protiv-eratosten-od-aleksandrija/
Comments
Post a Comment