ОД ЛИЧНО СВЕДОШТВО ДО МЕДИУМСКА ИНФОРМАЦИЈА
Приказната за учителката Петра - меѓу личното искуство, одговорноста и јавниот интерес Со месеци наназад, просторот во кој секојдневно требаше да престојуваат околу 100 ученици се среедуваше бавно и со минимални средства. Влагата и мувлата беа постојано присутни, а по ѕидовите и мебелот се движеа лебарки и мравки. Просторијата често беше исполнета со непријатна миризба - мешавина од распаднати животински остатоци, чудни хемикалии и запалена гума. Големи дупки од мравјалници, мебел натопен со влага и остатоци од исушени стебла на одамна исечени дрвја во дворот создаваа глетка што повеќе наликуваше на напуштен магацин отколку на училница. Сама и без поддршка, Петра не можеше да ја надмине оваа состојба. Осум месеци упорно поднесуваше молби и барања - до училиштното раководство, општината, Министерството за образование, па дури и до Бирото за развој на образованието. Не бараше многу - само дозвола да повика неколку работници, кои самата ќе ги плати, за да се приведе простор...