Почеток на крајот - Успешна приказна - Приземен кабинет по физика
Почеток на крајот - Успешна приказна - Приземен кабинет по физика По две години упорно, понекогаш и тивко, барање помош од сите можни институции, конечно се наѕираат убави вести. Резултатот што толку долго го очекував е сè поблиску. Не велам дека се борев - едноставно, немав избор. Старите велат: "Што е наше - ќе си дојде." Родителскиот совет беше навремено информиран за сè, но веројатно моите барања не беа сфатени сериозно или и тие беа беспомошни како мене.. Последиците од таа негрижа ги чувствуваме сите. Наместо да бараат решенија, некои славеа мали победи стекнати со невистини и нечесност. Оваа седмица (втора во април) ветува почеток на крајот - крај на една грда приказна која, и покрај сè, води кон успешен нов почеток. Моите "почетоци" од ковид-навака секогаш се случуваат кон крајот на учебната година. Верувам дека на 10 јуни, кога сè ќе стане неважно - ќе се случи. За да бидам разбрана, приказната ќе ја раскажам низ минимум фотографии - но да знаете, зад...