Репортажа за Новогодишен фестивал на наука

 

Новогодишен фестивал на наука: Празник на истражувањата и новогодишните желби.

На 27 и 31 декември 2024 година се одржа највеселото и најобразовното испраќање на годината – Новогодишниот фестивал на наука, каде 100 ученици се вклучија со 86 различни експерименти. Овој настан не само што беше можност да се изразат нивните научни интереси, туку и начин да ја прослават годината што заминува, со надеж дека 2025 ќе донесе само убави работи и нови успеси.

Во светло на завршувањето на 2024 година, учениците и наставничката, се потсетија на сè што е добро, а истовремено ја испратија годината со поука да се фокусираме на позитивното, а се лошо да остане зад нас. “Многу убави и неубави работи се случија во оваа 2024 година и посакувам сè лошо да остане во неа, а 2025 година да ја запомниме исклучиво по убави работи и успеси,” изјави наставничката Аида на настанот.

Експериментите што беа изведени имаа различни теми, но сите беа фокусирани на научните области како сили, движење и енергија, што беше интересен начин да се покажат и истражат основните принципи на физиката. Учениците ги презентираа своите проекти, кои беа избрани како дел од специјалната задача што им беше зададена во септември, наместо класичните домашни задачи. Оваа иницијатива е дел од програмата за поттикнување на истражувачки дух и ќе се вреднува во мај 2025 година.

„До тогаш учениците треба да бидат вредни, информирани и да ги почитуваат роковите. Задоцнетите истражувања, демонстрации и експерименти не се вреднуваат,“ нагласи наставничката, додавајќи дека ако некој ученик отсуствува во закажаниот период за презентација, треба да се консултира со наставничката за можноста за надоместување.

Секој експеримент беше вистинско уживање за посетителите, бидејќи не само што ги презентираше научните закони на динамичен начин, туку ги поттикна учениците да размислуваат креативно, да работат тимски и да се подготват за предизвиците што ги носи науката.

Во духот на новогодишниот фестивал, сите присутни уживаа во експериментите и научната атмосфера, славејќи ја годината што доаѓа и очекувајќи нови можности за напредок и научни достигнувања.





Comments

Popular posts from this blog

Empowering Education: My Transformative Experience at Ohrid TechCamp 2023 - Aida Petrovska

Развивање и тестирање наставна програма за медиумска писменост

Осмомартовска акција