Тајната на Дедо Мраз, каде живее и како ги слуша желбите на децата?
Тајната на Дедо Мраз, каде живее и како ги слуша желбите на децата? Далеку, далеку на север, таму каде што зимата ги облекува шумите во бело, реките ги претвора во ледени патеки, а снегулките танцуваат на ветрот, се наоѓа едно посебно место - волшебната Лапонија, во северниот дел на Финска. Таму, во близина на градот Рованиеми, се наоѓа познатото Село на Дедо Мраз. Во него, меѓу малите дрвени куќички, илјадниците светилки и снежните патеки, живее најсаканиот дедо на светот - нашиот Дедо Мраз. Неговата куќа е секогаш полна со топлина, радост и празнична магија. Додека надвор тивко паѓа снег, во неговите работилници вредните џуџиња и помошници цела година подготвуваат подароци за децата. Некој изработува кукли, некој играчки автомобили, некој пакува подароци, а друг ги украсува со шарени панделки. Kако Дедо Мраз успева да ги слушне желбите на децата од целиот свет? Недалеку од неговото село се наоѓа необичната планина Корва...