Репортажата за училишниот фестивал на наука по повод 70 - годишнината од основното општинско училиште „Димитар Миладинов“
Над 100 ученици, 60 експерименти - вистинска научна
истражувачка револуција преточена
во училишен фестивал.
Минатиот викенд, на сам
ден Митровден, ООУ „Димитар Миладинов“ ги отвори вратите за љубителите
на науката во една исклучителна славеничка
научна авантура. По повод 70-годишнината од основањето на училиштето,
учениците, наставниците и родителите присуствуваа на Фестивалот на наука, каде
што над 100 млади истражувачи демонстрираа повеќе од 60 научни експерименти и
практични демонстрации кои опфаќаа теми од сите области на физиката што се изучуваат
во основното образование.
„Овој фестивал не е само прослава на нашето училиште, туку
и значајна платформа за разменување на знаење, откривање нови идеи и развивање
на љубовта кон науката меѓу младите“, изјави наставничката по физика, Аида Петровска, во нејзиното воведно обраќање.
Неугледна и стара училница
се претвори во научна лабораторија, каде учениците активно учествуваа во
изведување на експерименти кои го објаснуваа широкиот спектар на физички
феномени – од закони на движење, сила и енергија, до оптички и електрични експерименти.
Публиката имаше можност да се запознае со принципите на науката низ интерактивни
работилници и демонстрации.
„Ми беше многу интересно да учествувам во овој фестивал.
Покажавме како функционираат различни механизми и закони на природата на едноставен
и забавен начин. Ова е одлична можност за сите да ја откријат волшебната страна
на физиката!“, рече Лука, еден
од учесниците.
Часовите
отворени за сите
Особено значајно за оваа научна проектна активност беше тоа
што часовите и експериментите беа отворени за сите – соученици, родители,
наставници, па дури и помлади ученици од други училишта. Ова им овозможи на
сите присутни да бидат активно вклучени во настанот, да поставуваат прашања и
да научат нешто ново. Научниците во мини-верзија, учениците, внимателно ги
објаснуваа експериментите, објаснувајќи ги основните принципи и во исто време
правејќи го процесот забавен и лесно разбирлив.
„Додека гледав мојата
керка
како објаснува како функционира електричниот круг, не можев да не се потсетам
колку многу наука има околу нас во секојдневниот живот. Овој фестивал е
вистински успех и инспирација за сите нас“, изјави еден од родителите.
Спој на едукација и забава
Фестивалот беше не само научен, туку и вистинска забава за
сите присутни. Заедно со сериозните демонстрации, се организираа и квизови,
игри и активности каде учениците се натпреваруваа помеѓу себе, но и со
наставниците. Фестивалот исто така беше и голема прилика за споделување на нови
идеи и за зајакнување на тимскиот дух помеѓу учениците и наставниците.
„Го поминавме целиот ден со насмевки на лицата и многу нови искуства. Ова беше
одличен начин да се покажат научните постигнувања на нашите ученици и да се
прослави важната годишнина на училиштето“, додаде наставникот по физика, Аида Петровска.
Завршни
зборови
Фестивалот на наука по повод 70 години од постоењето на ООУ
„Димитар Миладинов“ беше вистинска научна прослава која ја истакна посветеноста
на училиштето кон образованието и иновацијата. Со активното учество на
учениците и поддршката на наставниците и родителите, настанот се претвори во
вистински спектакл на наука и љубов кон откривањето нови работи.
„Нашата цел е да ги поттикнеме учениците да продолжат да
истражуваат, да учат и да бидат љубители на науката. Овој фестивал е долгогодишна
традиција“, заклучи наставничката Аида
Петровска.
Comments
Post a Comment