Posts

Showing posts from July, 2026

Меѓународниот турнир „Математика без граници“ - модел што вреди да се следи и кај нас

Колку убава идеја, вреди да се обидеме и ние. Станува збор за меѓународниот турнир " Математика без граници" , на кој учествуваат и ученици од Македонија. Повеќе информации можете да најдете тука: [  https://www.mathwithoutborders.bg/index.php/dokumenti/   ] . Она што особено ми привлече внимание е организацискиот модел. Турнир од ваков тип бара многу труд, посветеност и добра организација, но истовремено може да обезбеди и средства преку котизациите. Според достапните информации, во квалификациските кругови учествуваат околу 15.000 ученици, од кои најголемиот дел се од земјата организатор. Тоа покажува дека ваквите натпревари можат да имаат и значаен национален опфат, покрај меѓународниот карактер. Можеби вреди да се размисли дали сличен модел би можел да се организира и во Македонија. Освен што би овозможил уште повеќе ученици да се натпреваруваат, дел од приходите би можеле да се насочат кон поддршка на нашите  олимпијци и нивното учество на меѓународни натпревари. Мис...

Националната ознака за квалитет и критериуми за eTwinning проект - ПРИМЕР ПРОЕКТ- Мали волшебници - САМОПРОЦЕНКА

Image
ПРИМЕР проект- Мали волшебници- ПОСТАВУВАЊЕ ОБРАЗОВНИ ЦЕЛИ: Специфични: Да, барањето е задоволено, бидејќи јасно се наведени целите на проектот - развој на комуникациски, истражувачки, тимски, креативни и дигитални вештини. Мерливи:   Делумно е задоволено, бидејќи се наведени конкретни активности и резултати (експерименти, визуали, видеа и презентации), но недостигаат доволно јасно дефинирани квантитативни показатели за мерење на успешноста. Остварливи: Да, барањето е задоволено, бидејќи предвидените активности се соодветни на возраста и можностите на учениците и можат да се реализираат во рамките на проектот. Релевантни: Да, барањето е задоволено, бидејќи целите се поврзани со развојот на компетенциите и вештините потребни за учењето, личниот развој и идниот професионален живот на учениците. Временски ограничени: Да, барањето е задоволено, бидејќи е јасно определено дека проектот ќе се реализира од октомври 2025 до мај 2026 година. ПЕДАГОШКИ ПРИСТАПИ И НАСТАВНИ ПРЕДЛОЗИ Разли...