Националната ознака за квалитет и критериуми за eTwinning проект - ПРИМЕР ПРОЕКТ- Мали волшебници - САМОПРОЦЕНКА
Специфични: Да, барањето е задоволено, бидејќи јасно се наведени целите на проектот - развој на комуникациски, истражувачки, тимски, креативни и дигитални вештини.
ПЕДАГОШКИ ПРИСТАПИ И НАСТАВНИ ПРЕДЛОЗИ
реализираат проектот преку eTwinning, разменувајќи идеи и активности.
Стратегии за онлајн соработка меѓу учениците: Учениците преку eTwinning онлајн соработуваат со врсници од друга земја, истражуваат заеднички теми и ги споделуваат своите резултати и презентации.
Креативно користење на ИКТ-алатките:
Во
проектот учениците користат дигитални алатки за истражување, презентации,
споделување на резултати и меѓународна соработка преку eTwinning.
Различност:
Проектот
комбинира различни активности - експерименти, истражувања, презентации,
плакати, кодирање и научни фестивали, приспособени на возраста и интересите на
учениците.
Пристапност:
Активностите
се организирани така што учениците активно учествуваат, истражуваат и учат
преку практична работа, со поддршка и споделување знаење меѓу учениците.
Соодветна возраст:
Активностите
и содржините се прилагодени на возраста на учениците, при што постарите ученици
имаат можност да ги подучуваат помладите.
Структура и организација на TwinSpace:
Проектните
активности, материјали и резултати се организираат и споделуваат преку
TwinSpace, што овозможува јасно следење на работата на партнерите.
Пристапност на TwinSpace:
TwinSpace
овозможува наставниците и учениците да пристапуваат до проектните содржини и да
ги споделуваат своите активности и резултати. Кога немавме сопствени услови, се снаоѓавме со позајмени училници и телефони.
Функционалност:
TwinSpace
се користи како простор за комуникација, споделување материјали и координација
на проектните активности меѓу наставниците и учениците.
Во
проектот се почитува заштитата на личните податоци и безбедното споделување
информации и материјали на учениците. Создававме приказни кои заеднички ги анализиравме и ја развивавме и медиумска писменост.
Правила на однесување / нетикета:
Меѓународната
соработка во проектот се темели на почитување, одговорна комуникација и
соодветно однесување при онлајн соработката.
При
создавањето и споделувањето на проектните материјали се почитуваат авторските
права и се наведуваат изворите кога се користени туѓи содржини.
ПОСТИГНУВАЊЕ НА ПОСТАВЕНИТЕ ЦЕЛИ, АКТИВНОСТИ И ИСХОДИ
Целите на состанокот: Сите поставени цели за поттикнување на практичната наука и меѓународната соработка беа целосно исполнети кроз успешно реализираните активности и создадените ресурси.
Опипливи резултати: Главниот опиплив резултат од проектот е заедничката дигитална книга изработена во Bookcreator (која служи како траен едукативен ресурс), презентации и освоените 10 државни награди по физика, многу сертификати, одржани научни саеми и фестивали.
ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЈЕКТОТ
Анализи: Континуираната евалуација на проектот се спроведе и анализираше преку посебни прашалници за учениците и за наставниците (преку Google Forms), а квалитетот беше потврден и со добивање на Национална ознака за квалитет.
ДИСЕМИНАЦИЈА
Десеминација:
Резултатите од проектот беа обемно споделени надвор од училницата преку
официјалниот блог, проектната Facebook страница, блог на blogger.com, презентации во Canva, како и преку медиумска покриеност во
весникот „Нова Македонија“ - „Колибри“.
КРИТЕРИМИ:
МЕЃУ ПАРТНЕРСКИ УЧИЛИШТА
Стратегии за координација меѓу наставниците: Наставничките Аида Петровска и Марина Трстењак Петран преку редовни онлајн состаноци и Messenger група заеднички го планираа проектот и го споделуваа распоредот на активности.
Стратегии за онлајн соработка меѓу учениците: Учениците од Македонија и Хрватска соработуваа во меѓународни тимови преку заеднички активности за комуникација, саеми на наука, фестивали на наука каде редовно се посетувавме и ги следевме случувањата.
Создавање
на заеднички производи: Краен производ од директната соработка на учениците е заеднички
изработената дигитална книга во алатката Bookcreator и презентации во
УПОТРЕБА НА ИКТ
Избор и употреба на ИКТ: За реализација на целите соодветни за возраста беа користени повеќе разновидни ИКТ алатки со соодветни упатства, како Bookcreator, Canva, Blogger, Facebook и Google Forms.
Управување со TwinSpace: Проектот користи добро организиран TwinSpace простор со јасни страници каде што наставниците и учениците од сите партнерски училишта активно работеа и објавуваа содржини. Понекогаш учесниците од Македонија имаа проблеми поради несоодветна опрема и немање интернет.
Прашања
за ОРЗЛП, авторско право и е-безбедност: За време на проектот беа почитувани
сите правила за е-безбедност, заштита на личните податоци на учениците и
користење материјали без авторски права.
ПЕДАГОШКИ ПРИСТАПИ
Поставување образовни цели: Целите на проектот беа јасни, реални и прилагодени на возраста на учениците, со фокус на градење практични научни вештини и квантитативно мерливи резултати (награди, сертификати и анкети) поставени во јасно дефинирани рокови.
Педагошки
пристапи и наставни предлози: Проектот користи иновативни и креативни методи
каде ученикот е во центарот на процесот, овозможувајќи му автономија преку
практични експерименти, решавање проблеми, учење со врсничка поддршка („Велики
за мале“) и креирање сопствени производи.
ИНТЕГРАЦИЈАВО НАСТАВНИОТ ПЛАН И ПРОГРАМА
Интеграција во наставниот план и програма во еден или повеќе предмети: Проектот беше целосно вклопен во официјалното годишно планирање на училиштето, директно исполнувајќи ги наставните цели и содржини по предметите од притодните науки, математика и информатика.
Мултидисциплинарен пристап: Со соработка меѓу наставниците од двете училишта беа опфатени различни теми од физиката, астрономијата и кодирањето, што беше јасно рефлектирано во сите содржини и цели на проектот.
Клучни компетенции (знаења, вештини и ставови): Содржините беа директно поврзани со развој на научната писменост, дигиталните вештини, критичкото размислување и тимската соработка кај учениците.
РЕЗУЛТАТИ И ДОКУМЕНТАЦИЈА
Постигнување на множеството цели, активности и исходи: Утврдените цели беа целосноисполнети, а целиот процес на нивно реализирање беше јасно документиран прекуфотографии, презентации, дигиталната книга, видео записи и извештаи.
Евалуација на проектот: Сите активности беа темелно оценети со рефлексија од учениците и наставниците, чии резултати и анализи од Google Forms прашалниците се јавно видливи во TwinSpace.
Десиминација:
Проектот беше активно дистрибуиран надвор од училницата преку медиумите („НоваМакедонија“, „Колибри“), проектниот блог, Facebook и јавните презентации на
научните фестивали и вебинари.
INFOSHEET
Comments
Post a Comment