Полугодишно известување за работата на секцијата „Млади истражувачи“
ИЗВЕСТУВАЊЕ од "Млади истражувачи", наставник - Аида
Петровска:
Во текот на учебната 2025/2026
година беа реализирани бројни активности и постигнати значајни успеси:
- 56 ученици добија сертификати
за учество во 4 eTwinning проекти,
наградени со Национална ознака за
квалитет (12.09.2025).
- Традиционално одбележување на Денот на
мирот со садење дрвце (22.09.2025).
- Реализација на Ератостеновиот експеримент –
мерење на обиколката на Земјата.
- Одбележана Светска недела на вселената (06.10.2025) - 6 ученици
со успешно учество и постери на тема вселена, во рамки на проект
организиран од Црна Гора.
- Одбележан Светскиот ден на лебот - учениците од IX-в
одделение одржаа едукативни предавања за учениците од пониските
одделенија (16.10.2025).
- Одбележана Недела на кодирање - работилница „големи за мали“ (18.10.2025).
- Реализација на Осмиот регионален саем за наука „Науката
и јас“, поддржан од Џонсон
Мети преку програмата за влијание на заедницата и спроведен од Македонија2025 (21.10.2025).
- Фестивал на наука по повод Светскиот ден на науката за мир и развој,
реализиран во соработка со Националната
агенција за европско образование и мобилност.
- 47. Школа „Млади физичари“ (13.11.2025) - државен натпревар по експериментирање со освоени 3 први, 3 втори и 4 трети награди.
- Два проекта наградени со Европска ознака за квалитет
(26.11.2025) – учество на 16
ученици.
- Активност „Да ја пречекаме безбедно 2026 година“
- едукативни предавања од деветтоодделенците за учениците од трето и петто
одделение.
- Новогодишен училишен научен фестивал, реализиран во 6 епизоди,
односно 6 отворени часа, по
еден во секоја паралелка.
- Проектен натпревар за изработка на лого - од голем број учесници, за најдобро беше избрано логото на Бора Феревска.
Comments
Post a Comment