Фестивал на наука по повод "Светски ден на науката за мир и развој"




























Секоја година, на 10 ноември, го одбележуваме Светскиот ден на науката за мир и развој, инициран од УНЕСКО. Овој ден има за цел да ја нагласи важноста на науката во нашето општество и да поттикне јавна дебата за новите научни достигнувања. Преку одбележувањето на овој ден, се истакнува како науката игра клучна улога во нашето секојдневие и како може да придонесе за мир и развој на глобално ниво.
Нашето мото за денешниот настан е „Науката во нашиот образовен систем“. Сакаме науката да стане достапна и блиска за секого, почнувајќи од најраната возраст. Науката не е само за учениците и за студентите туку треба да биде дел од секојдневниот живот на сите нас. Ова е особено важно, бидејќи во секојдневните активности, често и без да бидеме свесни, ја потврдуваме и применуваме науката и природните закони.
Вложувањето во образованието и создавањето интерес за наука од најмала возраст е од основно значење. Ова не само што ни помага да ги разбереме основните закони на природата, туку и ја поттикнува креативноста која ќе води кон нови решенија и иновации. Науката, како темел на нашето разбирање на светот, ја формира и нашата способност да градиме поодржливо општество.

Одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој има за цел да поттикне промени во образовниот систем, да го зајакне научниот дух кај младите и да ги охрабри да станат дел од идните научни откритија и иновации кои ќе ја обликуваат иднината. 

Со благодарност и почит ги поздравуваме сите учесници во денешниот Фестивал на наука, кој се одржа во нашето училиште. Фестивалот е организиран од Националната агенција за европски образовни програми и        мобилност, во соработка со ООУ "Димитар Миладинов" и Општина Центар.

На фестивалот учествуваа ученици со своите ментори од следниве училишта:

  • ООУ "Христијан Карпош" - Куманово,

  • ООУ "Св. Климент Охридски" - Драчево,

  • Гимназија "Панче Арсовски" - Скопје,

  • ООУ "Петар Поп Арсов" - Карпош,

  • ООУ "Живко Брајковски" - Бутел,

  • ООУ "Димитар Миладинов" - Центар.


    Голема благодарност до сите учесници и организатори за вложеното време и напор, и за тоа што заедно го направивме овој ден посебен.


Сценарио
за
Фестивал на наука 2025 

НА БИНА: Нина поставува огледало под агол и насочува светилка кон него, а Виктор ја гледа со интерес.

Виктор:

Што правиш сега? Дали правиш некакви светлински ефекти за денешната забава?

Нина:

Не, Виктор. Бирам кој експеримент да изведам денес, сите ми се допаѓаат. Ова е експеримент со светлината. Кога светлината удри во огледало, таа се одбива. Тоа се вика рефлексија. Види како светлината од оваа ламба се одбива од огледалото и оди кон ѕидот.

Виктор:

О, интересно! Тоа значи дека ако вметнеме уште едно огледало, светлината ќе продолжи да се одбива од едно на друго?

Нина:

Точно! Својството на одбивање на светлината е многу важно. Поради тоа својство ги гледаме предметите околу нас. Многу светлински ефекти ги користиме во секојдневието - од телефони до автомобили, проекции на филмови и во медицината.

Нина оди до стаклена чаша полна со вода и неколку  мали топчиња, а Виктор ги набљудува.

Виктор:

Што правиш со овие топчиња во водата? Изгледа како да играш некоја игра!

Нина:

Не се само топчиња, Виктор. Ова е пример за тоа како се движат честичките во течности. Вода е хемиско соединение составено од молекули на вода, а секој молекул се движи. Кога ќе ставиш нешто во вода, како овие топчиња, тие ќе почнат да се движат бидејќи молекулите на водата се во постојано движење.

Виктор:

О, интересна игра! Но, дали ова се случува и кога пиеме вода?

Нина:

Да, точно! И кога пиеме вода, молекулите продолжуваат да се движат низ нашиот организам, па дури и во нашите клетки. Ова е пример за дифузија - процес преку кој честичките на една супстанца се движат и мешаат со честичките на друга супстанца, обично поради разликата во концентрацијата.

Нина држи две различни чаши, едната со ладна, а другата со топла вода. Виктор ја гледа со внимателност.

Виктор:

Што правиш со овие чаши? Зошто едната е топла, а другата ладна?

Нина:

Ова е демонстрација на пренос на топлина. Кога водата е загреана, молекулите се движат побрзо, а кога е студена, молекулите се помалку активни. Преносот на топлина се случува од загреаната вода кон студената.

Виктор:

О, тоа значи дека ако ги ставиме двете чаши заедно, водата од топлата чаша ќе премине во ладната, додека не им се изедначи температурата?

Нина:

Точно! Тоа е втор принцип на термодинамиката - топлината секогаш ќе се пренесува од телото со повисока температура кон телото со пониска температура, сè додека не се постигне термална рамнотежа.

Виктор се чешка по главата и вели – што мислиш да престанеш да бираш експерименти – да не задоцниме не е убаво посетителите да не чекаат.

Виктор:

Што и да избереш , нема да згрешиш! Ајде да побрзаме да го отвориме Фестивалот на науката. Гледаш, посетителите веќе пристигнале и удобно се сместиле.

НИНА и ВИКТОР ЗАЕДНО:

Добар ден, драги посетители!

Виктор:

Ви посакуваме пријатен престој во нашето училиште и на еден од најинтересните фестивали на наука, кој веќе е традиција и белег на нашето училиште.

Нина:

Го покануваме директорот на нашето училиште, г-дин Божо Бубало, да им се обрати на посетителите и да го отвори фестивалот.

(Зборува директорот г-дин Божо Бубало)

Виктор:

Го покануваме и претставникот од Општина Центар, г-ѓа Јагода Јанкoвска, на која сме и неизмерно благодарна за реновирањето на овој простор, кој секогаш бил симбол на радост и дружби. Повелете:
(зборува -ѓа Јагода Јанковска)

Нина:

Особена благодарност за иницијативата на оваа средба на  Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, повелете  г-ѓа  Ана Михајлов  да им се обратите на присутните:

(Зборува дитекторката, г-ѓа Ана Михајлов)

НИНА и ВИКТОР ЗАЕДНО:

Магијата може да започне!

Сите посетители одат по штандови и разгледуваат што им подготвиле младите научници.














Comments

Popular posts from this blog

Кога незнаењето станува петка

Осмомартовска акција /8 Mart Etkinliği