Supporting Newly Qualified Teachers in Schools

 

“Поддршка на новоквалификувани наставници во училиштата”

(Supporting Newly Qualified Teachers in Schools)

е курс на Европската комисија, понуден преку Европската платформа за училишно образование.

 

Цел на курсот

Курсот е насочен кон создавање училишна средина во која поискусните наставници им помагаат на наставниците кои се на почетокот од својата професионална кариера. Акцентот е на менторството, меѓусебната соработка и професионалниот развој.

 

Што ќе научите?

- Како успешно да бидете ментор на млад наставник.

- Како активно да слушате, поставувате прашања и давате  

  конструктивни повратни информации.

- Како да набљудувате наставен час и да помогнете во

  унапредување на наставната практика.

- Како да поттикнувате саморефлексија и професионален развој.

- Како да придонесете за позитивна училишна култура и соработка.

- Како да се грижите за сопствената благосостојба и

  благосостојбата на наставниците што ги менторирате.

 

Кои компетенции се развиваат?

Курсот ги опфаќа компетенциите од европската рамка SELFIE for Teachers, особено:

- Професионално ангажирање - рефлексивна практика (ниво C1).

- Професионално ангажирање -професионално учење со помош на

  дигитални технологии (ниво C2).

 

Мое мислење за значењето на курсот

Овој курс е особено корисен за наставници кои сакаат да станат ментори. Важна порака на курсот е дека менторството не е едноставно пренесување знаење од поискусен на помлад наставник, туку процес на заемно учење, поддршка, доверба и професионално надградување.

 

Comments

Popular posts from this blog

Кога незнаењето станува петка

Примена на СТЕМ - присапот во насавата: пример од училишната практика

„Денови на електротехниката“ во Михајло Пупин (2012 - 2025)