Posts

Showing posts with the label Аида Петровска

23 април - Светски ден на книгата и авторско право

Image
     23 април се одбележува како Светски ден на книгата и авторското право - ден посветен на славење на читањето, книгите, авторите и нивниот креативен труд. Овој ден претставува потсетник за значењето на книгата како извор на знаење, инспирација и културен развој, но и за потребата од почитување и заштита на авторските права. Идејата за одбележување на овој ден потекнува од Каталонија , каде што на 23 април, на денот на празникот „Св. Јурја“, традиционално се подарува книга и роза. Овој убав обичај симболизира љубов кон литературата и почит кон знаењето. Според традицијата, мажите подарувале рози, а жените книги, но денес секој може да подари и едното и другото. Оваа традиција трае речиси еден век и претставува уникатен начин на спојување на културата и емоциите. Датумот 23 април е избран и поради неговото големо значење во историјата на книжевноста. На овој ден починале двајца од најголемите писатели во светската литература -   Мигуел де Сервантес , авторот на...

Една деценија во eTwinning – благодарност, раст и инспирација

Image
  Една деценија во eTwinning - благодарност, раст и инспирација Веќе десет години сум дел од eTwinning - заедница што за мене никогаш не била само платформа, туку жив простор на знаење, креативност, поддршка и визија. Во тие десет години не само што реализирав проекти, туку растев - професионално, дигитално и човечки. Научив што значи соработка без граници, што значи да споделуваш идеи со колеги од различни образовни системи и култури, и што значи вистинска просветарска солидарност. eTwinning е една од највредните образовни заедници на кои сум имала чест да им припаѓам. Тоа е место каде што знаењето не се задржува, туку се умножува; каде што искуството не се крие, туку се споделува; каде што инспирацијата постојано кружи меѓу нас и нè мотивира да бидеме подобри за нашите ученици. Секоја активност, секој проект, секоја нова соработка беше чекор напред - кон поотворено, покреативно, подигитално и поевропско образование. Денес, преку European School Education Platform (ESEP), ов...

Полугодишно известување за работата на секцијата „Млади истражувачи“

Image
ИЗВЕСТУВАЊЕ од " Млади истражувачи", наставник - Аида Петровска: Во текот на учебната 2025/2026 година беа реализирани бројни активности и постигнати значајни успеси: 56 ученици добија сертификати за учество во 4 eTwinning проекти , наградени со Национална ознака за квалитет (12.09.2025). Традиционално одбележување на Денот на мирот со садење дрвце (22.09.2025). Реализација на Ератостеновиот експеримент – мерење на обиколката на Земјата. Одбележана Светска недела на вселената (06.10.2025) - 6 ученици со успешно учество и постери на тема вселена, во рамки на проект организиран од Црна Гора. Одбележан Светскиот ден на лебот - учениците од IX-в одделение одржаа едукативни предавања за учениците од пониските одделенија (16.10.2025). Одбележана Недела на кодирање - работилница „големи за мали“ (18.10.2025). Реализација на Осмиот регионален саем за наука „Науката и јас“ , поддржан од Џонсон Мети пре...