План за воннаставните активности во учебната 2024/2025 година - А.П.
План за воннаставните активности
во учебната
2024/2025 година
Тема: Безбедност и благосостојба во училиштата
Наставник по физика: Аида Петровска
1. Ученици како обучувачи: "Курсови и работилници водени од ученици"
Цел:
Учениците да играат активна улога во едукацијата на своите соученици.
Активности:
Избор на
ученици кои ќе водат курсеви или работилници за безбедност и благосостојба.
Обучени
ученици ќе ги споделуваат своите знаења и искуства со останатите ученици, на
теми како кибербезбедност, социјални мрежи – која е
најбезбедна и зошто?. Прифаќање и помогање на сите не кои им е потребна помош, итн.
Време и
ресурси:
Траење на
акциите: Активностите ќе бидат спроведувани во текот на целата учебна година со
повремени работилници и настани.
Ресурси: Наставници, експерти за безбедност, училишни простории за
работилниците, интернет ресурси и платформи за обука (особено за онлајн
безбедност).
Оценување
на успехот:
Методи:
Преку анкети, усни повратни информации од ученици и наставници, број на
ученици кои учествуваат и нивната активност.
Индикатори: Намален број на инциденти на насилство, зголемена свест за безбедност на интернет, намален број на случаи на кибернасилство.
2. Работилница/предавање за безбедност на интернет
Цел:
Подобрување на свеста за опасностите на интернетот и како да се заштитат
личните податоци.
Предавачи:
Експерти за сајбер безбедност, наставници по информатика.
Активности:
Учениците
ќе научат како да препознаат опасни ситуации на интернет (кибер-насилство,
шемата за лажни информации).
Практични
совети за заштита на профили на социјални мрежи.
Дискусија за дигитална етика и одговорно користење на интернет.
ОВАА
ГОДИНА СТАВАМ НАГЛАСОК НА:
3. Подобрување на училишната инфраструктура
Активност:
Реновирање на училниците, поставување безбедносни камери, подобрување на
санитарните услови.
Одговорни:
Училишниот одбор, локалната самоуправа.
Рок: Во
текот на учебната година.
Ресурси: Буџет на училиштето, апликации за донации.
3.1.
Детално чистење на училишната зграда
Активност:
Организирање акција за генерално чистење на сите простории, ходници, магацини и
надворешен простор.
Одговорни:
Технички персонал, училишен персонал, ученици (за одредени активности).
Рок:
Континуирано, понагласено во март и април.
Ресурси: Чистачки материјали, канти, метли, ракавици.
3.2.
Отстранување на шут и непотребни предмети
Активност:
Идентификација и отстранување на стари предмети, неисправна опрема, и отпад од
магацини и двор.
Одговорни:
Директор, технички персонал, општински служби.
Рок:
Првото полугодие од учебната година.
Ресурси: Општинска поддршка за отстранување на шут, камиони за транспорт.
3.3.
Редовно одржување на хигиената
Активност:
Изготвување распоред за секојдневно чистење на училници, санитарни јазли и
ходници – особено по појавата на рота вирусите.
Одговорни:
Технички персонал/специјализирани служби за дезинфекција.
Рок:
Секојдневно/ месечно.
Ресурси: Средства за дезинфекција, опрема за чистење.
3.4.
Одржување на инвентарот
Активност:
Спроведување на инвентаризација на училишниот мебел и опрема, со приоритет за
поправка или замена на оштетени и
мувлосани предмети.
Одговорни:
Директор, административен персонал.
Рок:
Првото полугодије.
Ресурси: Средства за поправка, соработка со локални фирми.
3.5.
Подобрување на дворната средина
Активност:
Чистење и уредување на училишниот двор, отстранување на стари и оштетени
елементи (клупи, корпи за отпадоци).
Одговорни:
Наставници по биологија и родители од Училишниот одбор и ученици од Ученичкиот
парламент
Рок: Во
текот на првото полугодије.
Ресурси: Садници, алат за градинарство.
3.6.
Редовна едукација за хигиена
Активност:
Организирање на кампањи за подигнување на свеста за лична хигиена и одржување
на просторот меѓу учениците.
Одговорни:
Наставник ментор со ученици од 8. Одд.
Рок:
Еднаш во тримесечието.
Ресурси: Постери, презентации, материјали за едукација.
Евалуација
на планот:
- Периодични анкети: За ученици,
наставници и родители.
- Извештаи: Секое тримесечие за
напредокот и предизвиците.
- Корекција на активности: Врз основа
на собраните податоци.
- Мониторинг: Редовна проверка на состојбата на инвентарот, подрумско - приземните простории и хигиената од страна на директорот и тимот за хигиена.
Заклучок:
Овој акциски план има за цел да создаде едукативна средина во која учениците не само што ќе научат важни вештини за безбедност и благосостојба, туку и ќе се мотивираат да помогнат едни на други, создавајќи култура на поддршка и заедништво во училиштето и ќе тежнеат кон подобри работни услови и престој за сите.
РЕАЛИЗАЦИЈА:
РЕАЛИЗАЦИЈА
- 24. - 27. ОКТОМВРИ 2024
Ученици од
осмо
одд. подготвија предавања за помалите ученици на тема CYBER - BULLYING, по
предавањето направија неколку работилници за своите мали другарчира
користејќи Pixelart.
Реализираните активности опфатиле 70- тина учесници:
Анета
Танчева со IV Б одд.,
Весна
Кусакатска и
Елица
Филиповска со II A одд.,
Маја Трајковска III Б одд.,
Аида
Петровска со VIII В одд..
Настанот е дел од проектните активности:
https://dimitrovci.blogspot.com/2024/10/cyber-bullying.html
РЕАЛИЗАЦИЈА - 8. НОЕМВРИ 2024
Во делот - "Курсови и работилници водени од
ученици" – спаѓаат и ноемвриските патронатски активности како и
самиот Патронатски фестивал на наука во кој учествувале сите ученици од 8а,б,в,
9в,г, 4 родители, и онлајн гости (сте второодделенци од ООУ Ратко
Жариќ - Ничшиќ – Црна Гора со колешката Душанка Серкез Вујичиќ)
По фестивалот се обидовме да напишеме репортажа по инструкции на новинар, се надеваме дека добро сме ја завршиле работата: https://nasmedium.blogspot.com/2024/11/70.html
РЕАЛИЗАЦИЈА - ДЕКЕМВРИ 2024
- На 2. декември пратив конкретно барање до: ООУ “Димитар
Миладинов”, Училишен одбор при ООУ “Димитар Миладинов”, Општина Центар, МОН
(Министерство за образование и наука), БРО (Биро за развој на образование) за
подобрување на условите за работа во мојата приземна училница.
https://nasmedium.blogspot.com/2024/12/blog-post.html
Во втората седмица на декември (12.12.), предавање од стручно лице, некогашен ученик во нашето училиште – Димитар Караташев - oдржа предавање на тема: Социјални медиуми, нивната употреба и медиумската писменост кај младите”.
Comments
Post a Comment