Како се пишува барање и исходи од барањето
02.12.2024, Скопје
Б
А Р А Њ Е
До: ООУ
“Димитар Миладинов”, Училишен одбор при ООУ “Димитар Миладинов”, Општина
Центар, МОН (Министерство за образование и наука), БРО (Биро за развој на
образование) од Аида Петровска
наставник по физика при ООУ “Димитар Миладинов”
Предмет:
Барање за помош при уредување на приземен кабинет по физика
Се обраќам со ова
барање за помош при уредување на кабинетот по физика, кој се наоѓа на приземје
во нашето училиште. Работниот простор е во лоша состојба и потребно е да се
извршат неколку итни поправки и подобрувања за да се обезбеди адекватно
училишно опкружување за учениците и наставниците.
Образложeние:
Ме израдува ова предновогодишно барање од БРО: "Акциски план за активности/работилници за подобрување на
безбедноста и благосостојбата на учениците и сите чинители во
воспитно-образовниот процес на ниво на училиште".
Се надевам дека преку реализацијата на ова барање ќе се
решат и моите проблеми, кои веќе повеќе од две години не се решени. Со
проблемите со кои се соочувам се запознаени сите релевантни институции: МОН,
БРО, Општина Центар, Училишниот одбор, директорот на училиштето и Наставничкиот
совет.
Не ќе се навраќам на 2022 година, но ќе ве потсетам на
активностите и исходите од последната 2024/2025 година (во прилог дневник на настани):
https://sway.cloud.microsoft/5ACC7WHSULywDq0c?ref=Link
Во барањето се вели: "подобрување на безбедноста и
благосостојбата на учениците и сите чинители во воспитно-образовниот
процес", а и јас сум еден од тие чинители.
За
една од превземените активности за подобрување на безбедноста и
благосостојбата, ќе го сметам и ова мое барање за помош.
Мојот работен простор е неуреден, непријатен и не ги исполнува основните
стандарди за училница, иако во минатото беше идеален. (40 години кабинет за
музичко, 10 години кабинет за информатика, а во почетокот дури и наставничка
канцеларија). По појавата на ковид, просторијата беше запуштена и се претвори
во депонија. Сакам да ја адаптирам повторно во убав и пристоен кабинет.
Не е голема инвестиција, но досега никој не покажа интерес
да ми помогне.
Сакам и барам: да се испразни малото складиште кое ќе го
адаптирам за нагледни средства, да се исфрлат стари и оштетени плакари, клупи и
столчиња, бидејќи во просторијата не може да се изврши ни основно проветрување
поради смрдeaта која потекнува од тие
стари предмети кои долго време биле изложени на влага и мувла..
Не се чувствуваме удобно, а времето не дозволува да
работиме со отворени прозорци.
Се надевам дека барем некој од Училишниот одбор, Општина
Центар, БРО или МОН ќе најде начин да ми помогне, да се ослободиме од старите и
смрдливи предмети, и да помогне за дезинфекција и обновување на просторијата,
во која престојуваме секој ден по два часа.
Со почит,
Аида Петровска
наставник по физика при
ООУ “Димитар Миладинов“
контакт:
пошта:
телефон:
Зошто го напишав оваа барање?
На 11 ноември влегов во приземната училница.
Уште миросаше на боја измешано со лошата миризба на расипано месо.
Штипеше за очи штом ќе го затворев прозорот. Побарав од директорката да го испразниме сопчето, можеби има некој умрен стаорец, но таа ми рече дека нема каде да ги однесат работите кои реално не беа многу.
Ме покани во подрум со секретарот, хаус мајсторот, а по мекое време дојде и наставникот Божо да ми покажат како изгледа подрумот во кој сакам да се однесат работите и навистина изгледаше страшно. Ме замоли директорката да направам по некоја слика од хаосот за да прати до Општина Центар и до Училишниот одбор да видат како изгледа депонијата што не и дозволуваат да ја исчисти. Со задоволство го сторив тоа, затоа што знам дека не зборува вистина и дека УО неколку години по ред сака да се исчисти оваа депониј. Сликав и и пратив сликите за кои учтиво ми се заблагодари.
Со одговорната беше директорката и колешката Снеже Тодорова кои во неколку наврати искажуваа лаги што е непримерно за жени во нивни години.
Comments
Post a Comment