Erasmus+ for schools: Your path to KA1 & KA2 success
Erasmus+ for schools: Your path to KA1 & KA2 success
Осврт на курсот за подготовка и реализација на
Erasmus+ проекти
Курсот е посветен на разбирањето на програмата
Erasmus+ во областа на училишното образование, со посебен акцент на
планирањето, подготовката, спроведувањето и одржливоста на европските образовни
проекти.
Неговата главна цел е да им помогне на наставниците,
директорите и училишните тимови да развиваат квалитетни проектни идеи, да
препознаваат реални образовни потреби и успешно да ги преточат во проекти со
конкретни резултати.
Што опфаќа курсот?
Курсот е организиран во неколку тематски целини:
1.
Разбирање на програмата Erasmus+
- Визија, структура и приоритети на програмата.
- Инклузија и различности.
- Дигитална трансформација.
- Зелена транзиција.
- Учество во демократскиот живот.
2.
Клучна акција 1 - KA1: Мобилност за учење
Се обработува како да се планираат мобилности за
наставници и ученици, како да се изберат учесниците, како да се препознаат
потребите за професионален развој и како стекнатите знаења да се применат во
училиштето.
3.
Клучна акција 2 - KA2: Партнерства за соработка
Се разгледуваат:
- Мали партнерства KA210.
- Партнерства за соработка KA220.
- Избор на европски партнери.
- Распределба на одговорностите.
- Заедничко развивање образовни материјали и
иновативни
наставни практики.
4.
Подготовка на квалитетна проектна апликација
Особено внимание се посветува на:
- Анализа на потребите на училиштето.
- Поставување SMART цели.
- Поврзување на целите, активностите и очекуваните
резултати.
- Европската додадена вредност.
- Размислување од перспектива на евалуаторот на
проектот.
5.
Управување со проектот и обезбедување квалитет
Учесниците се запознаваат со следење на проектните
активности, документирање на резултатите, користење на Beneficiary Module,
оценување на успешноста и обезбедување одржливост на постигнатото.
6.
Видливост и одржливост на резултатите
Се истакнува важноста резултатите од проектот да не
останат само во рамките на партнерските училишта, туку да бидат достапни,
применливи и корисни и за други образовни институции.
Што
е најважно што го учиме од курсот?
Една од најзначајните пораки е дека квалитетниот
Erasmus+ проект не започнува со идејата за патување, туку со препознавање на
реален образовен проблем или потреба.
Мобилностите и партнерствата треба да бидат средство
за професионален развој и унапредување на наставата, а не цел сами за себе.
Исто така, добриот проект не се мери според бројот на учесници, земји или реализирани активности, туку според тоа што навистина ќе се промени во училиштето.
Моја
оценка за корисноста на курсот
Курсот е особено корисен за наставници кои сакаат да
преминат од учество во европски проекти кон нивно самостојно осмислување, координирање
и успешно реализирање.
Посебно е значајно што се нагласува потребата од
поврзување на европските приоритети со реалните услови и потреби во училиштата.
За македонските училишта, ова е важна можност за развивање проектна култура, меѓународна соработка, дигитални компетенции и размена на добри наставни практики.
Главната
порака на курсот:
Не создавајте проект само за да добиете финансиска
поддршка или да реализирате мобилност. Создадете проект затоа што имате потреба
нешто да промените, подобрите или развиете во образованието. Европската
соработка треба да донесе вредност што ќе остане и по завршувањето на проектот.

Comments
Post a Comment