Репортажа за Новогодишен фестивал на наука
Новогодишен фестивал на наука: Празник на истражувањата и новогодишните желби. На 27 и 31 декември 2024 година се одржа највеселото и најобразовното испраќање на годината - Новогодишниот фестивал на наука, каде 100 ученици се вклучија со 86 различни експерименти. Овој настан не само што беше можност да се изразат нивните научни интереси, туку и начин да ја прослават годината што заминува, со надеж дека 2025 ќе донесе само убави работи и нови успеси. Во светло на завршувањето на 2024 година, учен иците и наставничката , се потсетија на сè што е добро, а истовремено ја испратија годината со поука да се фокусираме на позитивното, а се лошо да остане зад нас. "Многу убави и неубави работи се случија во оваа 2024 година и посакувам сè лошо да остане во неа, а 2025 година да ја запомниме исклучиво по убави работи и успеси," изјави наставничката Аида на настанот. Експериментите што беа изведени имаа различни теми, но сите беа фокусирани на научните области како сили, движење и ...