“Кога паркингот станува пречка за човекови права”
Лекција за медиумска писменост: “ Кога паркингот станува пречка за човекови права” Цел на лекцијата: Да се развие критичко размислување кај учениците/граѓаните. Да се разбере улогата на медиумите во заштита на човекови права. Да се научи како да се препознае неправда и како да се известува одговорно и етички. Вовед: Вистинита приказна Во едно јавно претпријатие, секојдневно се случува нешто што за некои изгледа “обично”, но за едно лице - работник со телесна попреченост - тоа претставува пораз и попречување на основните права. Директорот на претпријатието често паркира во преминот наменет за возила на итна медицинска помош и пожарна служба. Токму низ тој премин мора да влезе и работникот со инвалидитет . Денес повторно не може да помине. Ако се случи пожар или некој колабира - и тие возила нема да можат да пристапат затоа што преминот е блокиран. . Правен и етички контекст Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на лицат...