eTwinning проект "Мали волшебници"
Драги
ученици,
Ви благодарам за вашето
учество, труд, креативност и прекрасната енергија што ја внесовте во проектот “Мали
волшебници”. Со вашите идеи и посветеност го направивте проектот посебен и
незаборавен.
Во прилог
ви ги испраќам сертификатите како мал знак на благодарност и признание за
вашиот придонес. Истите, во PDF формат, ви се закачени и на Teams.
Горда сум
на секој од вас.
Продолжете
да бидете љубопитни, креативни и храбро да создавате свои мали волшебства.
10 години труд, инспирација, креативност и вонсериски успеси. 10 години во кои училницата беше отворена кон светот. 40 информативни и тематски eTwinning вебинари, безброј соработки, нови искуства и прекрасни пријателства. Гордост е што од секоја идеја создадовме можност, од секој проект - приказна, а од секоја соработка - пријателство.
Comments
Post a Comment