Меѓународниот турнир „Математика без граници“ - модел што вреди да се следи и кај нас

Колку убава идеја, вреди да се обидеме и ние.

Станува збор за меѓународниот турнир "Математика без граници", на кој учествуваат и ученици од Македонија. Повеќе информации можете да најдете тука: https://www.mathwithoutborders.bg/index.php/dokumenti/ ].

Она што особено ми привлече внимание е организацискиот модел. Турнир од ваков тип бара многу труд, посветеност и добра организација, но истовремено може да обезбеди и средства преку котизациите.

Според достапните информации, во квалификациските кругови учествуваат околу 15.000 ученици, од кои најголемиот дел се од земјата организатор. Тоа покажува дека ваквите натпревари можат да имаат и значаен национален опфат, покрај меѓународниот карактер.

Можеби вреди да се размисли дали сличен модел би можел да се организира и во Македонија. Освен што би овозможил уште повеќе ученици да се натпреваруваат, дел од приходите би можеле да се насочат кон поддршка на нашите  олимпијци и нивното учество на меѓународни натпревари.

Мислам дека ова е идеја што заслужува да се разгледа.

Comments

Popular posts from this blog

Кога незнаењето станува петка

„Денови на електротехниката“ во Михајло Пупин (2012 - 2025)

Студија на случај: Воведување на СТЕМ како нов начин на учење