CODEWEEK - Happy International Pi Day!
Happy International Pi Day!
Среќен Меѓународен ден на бројот Пи!
Се верува дека во својата бесконечна низа од цифри, бројот пи ги содржи сите броеви од 0 до 9 во секоја можна комбинација, формирајќи го секој замислив редослед на цифри. Вашиот телефонски број, матичниот број, ПИН-кодот од картичката и секоја друга низа од броеви што можете да ја замислите се наоѓаат некаде таму.
Ако ги претворите буквите во броеви (на пример, „а-б-в“ би можело да биде „1-2-3“), тогаш секој есеј што некогаш сте го напишале и секоја книга што некогаш сте ја прочитале е содржана во него - заедно со целокупните дела на Шекспир.
Иако не бил наречен „пи“ сè до 18-тиот век, нумеричкиот однос помеѓу дијаметарот и периметарот на кругот бил предмет на размислување уште од антиката. Покрај тоа што е Ден на Пи, 14 март е и роденден на Алберт Ајнштајн. А физичарот Стивен Хокинг - кој многумина го сметаат за интелектуален наследник на Ајнштајн - почина на 14 март 2018 година.
Други познати личности родени на Денот на Пи се композиторот Јохан Штраус, актерите Мајкл Кејн и Били Кристал, музичкиот продуцент Квинси Џонс и астронаутот на Аполо 8, Френк Борман.
https://aidafizika.wordpress.com/2019/09/29/%d0%ba%d0%be%d0%b4%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b1%d0%b5%d0%b7-%d0%ba%d0%be%d0%bc%d0%bf%d1%98%d1%83%d1%82%d0%b5%d1%80-coding-without-a-computer/
Comments
Post a Comment