Гоце Делчев (1872 - 1903)
Од некогашните проектни активности:
122 години од смртта на Гоце Делчев
Роден е во 1872. година во Кукуш, Егејска Македонија како трето дете во семејството Делчеви.
Во 1879 - 1880, започнува да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш, а потоа го завршил средното образование во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј". Се запишал во Воената академија во Софија во 1891. Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од училиштето. Делчев станал учител во Штип во 1894 каде што се запознава со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во 1895, набрзо станувајќи нејзин водач.
Во летото 1896, во Солун се одржува конгрес на македонските и одрински револуционерни сили. На конгресот присуствува и Гоце Делчев. Гоце Делчев и Ѓорче Петров се ополномошни да изработат Устав и Правилник, а изработениот устав носи наслов: „Устав на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација". На почетокот на јануари 1898 год. се установува четничкиот институт, а Гоце Делчев е назначен за началник на сите чети во Македонија.
За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономија или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.
За да го отстрани, или барем да го неутрализира разбивачкото влијание на бугарскиот двор и неговата агентура тн. „Врховен македонски комитет", Гоце, и како задграничен претставник, активно дејствувал врз нивните претставници да се откажат од неповиканото мешање во внатрешните работи на Револуционерната организација, која претставува единствен легитимен претставник на македоно-одринското ослободително движење, и да дејствуваат само како помошна сила за материјално помагање на Организацијата. Во нивното отстранување, Гоце водел бескомпромисна борба против мешањето на бугарските влади и челниците на врховистичките македонски комитети.
Во јануари 1903 год., Гоце Делчев се изјаснува отворено како прв против кревање на востание во Македонија таа година, познато потоа како „Илинденското востание“, како преран и неподготвен чекор.
Вечерта на 2 мај 1903, Гоце Делчев пристига во селото Баница, на мала оддалеченост од Серез. За престојот на Гоце Делчев во Баница известена е турската управа.
Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од селото, Гоце Делчев бил погоден во левата града, паднал врз пушката, се обидел да се крене и паднал мртов. Неговите посмртни останки прво се пренесени во Бугарија, за на 11 октомври 1946 година да бидат пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.
..............................................................
3.
Проектни одделенски активности
Покрај задолжителната административна работа и грижата за одделението, одделенските часови ќе вклучуваат и две проектни активности:
„Македонија — ризница на здрава храна“
„Светилки за оние без светлина“
Во рамките на проектната активност „Македонија — ризница на здрава храна“, планираме да изработиме календар. Секој месец од годината ќе биде обележан со овошје или зеленчук што најмногу се консумира во тој период, придружен со неколку рецепти за нивна подготовка.
Во
проектната активност „Светилки за оние без светлина“, ќе изработиме неколку
портрети на етички личности кои со своите дела и постапки станале бесмртни:
Климент Охридски, Мајка Тереза, Гоце Делчев, Максим Горки, Лав Толстој, Махатма Ганди, Сократ, Заратустра и други.
4. Цели
на проектните активности:
Активно вклучување на учениците во процесот на учење преку практични искуства што го поттикнуваат нивниот личен развој;
Поттикнување на помалку успешните ученици да се вклучат во заеднички активности;
Негување на взаемно почитување и толеранција меѓу учениците;
Поттикнување на социјална интеракција преку групна работа;
Развивање на самоорганизациски вештини кај учениците;
Поттикнување на усното и писменото изразување;
Мотивирање за истражувачко учење;
Развивање на критички пристап кон стекнатите сознанија;
Унапредување на вештини за донесување одлуки и заземање ставови;
Промоција
на училиштето и образованието во целина.
Comments
Post a Comment