2. час: Основни концепти на медиумска писменост

 


Да повториме:
Медиумската писменост се однесува на способноста да се пристапува, анализира, оценува, создава и ефективно да се комуницира преку различни медиумски платформи. Оваа тема е клучна во современото образование и култура поради огромното влијание на медиумите врз секојдневниот живот.

Клучни концепти на медиумска писменост:

Медиумите како конструирана реалност (Сите медиумски содржини се внимателно создадени за да пренесат одредена порака. На пример - екламите користат техники за привлекување на внимание и манипулирање со емоции.)

Интерпретација од публиката (Публиката различно ги разбира медиумските пораки, во зависност од нивните искуства, култура и ставови. На пример - некој филм може да биде комичен за една група, но навредлив за друга група гледачи.

Медиумските пораки имаат економска и политичка агенда (Содржината често е поврзана со комерцијални или политички интереси. На пример – некои  вести ги фаворизираат компаниите кои го финансираат медиумот.)

Употреба на различни техники за привлекување внимание (Користење боја, звук, монтажи, слогани и симболи за комуникација на пораката. На пример - корисници на социјални мрежи често користат провокативни наслови за поголема видливост.)

Медиумите влијаат врз ставовите и однесувањето (Постапно се обликуваат културни вредности, перцепции и општествени норми. На пример- деалите за убавина кои се промовираат преку реклами.)

Технологијата како медиумски посредник (Секој медиум - телевизија, интернет, радио, ја пренесува пораката на различен начин. На пример - стата вест се доживува различно на радио во споредба со видеоснимка.)

Активности за едукација:

Анализа на реклами (Учениците  можат да идентификуваат како боите, текстовите и сликите ги комуницираат брендовите.)

Критичка анализа на вести (Дискутирајте како медиумите избираат кои информации да ги истакнат.)

Креативна задача (Учениците  да создадат сопствен медиумски производ (реклама, пост на социјални мрежи, краток видео клип) и да ги објаснат пораките кои сакаат да ги пренесат.)

Медиумската писменост е неопходна за критичко размислување и активно учество во дигиталното општество.

 


Comments

Popular posts from this blog

Кога незнаењето станува петка

Осмомартовска акција /8 Mart Etkinliği

5 Мај - Денот на македонскиот јазик / Ден на усвојување на македонската азбука