ПОВРЗАНОСТ СО НАЦИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ
ПОВРЗАНОСТ СО НАЦИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ
Воведувањето на темата медиумска писменост и поврзаност со националните стандарди е интерактивно и релевантно со ученичкото секојдневие и интереси.
Предлог начини за вовед:
1. Објаснете што е медиумска писменост
Започнуваме со дефиниција на медиумска писменост - Медиумска
писменост значи способност да разбереш, анализираш и оценуваш медиумски пораки,
како што се телевизија, интернет, радио, социјални мрежи и други форми на
комуникација.
На учениците им покажуваме
различни медиумски материјали што децата редовно ги користат (например, видеа
на YouTube, објави на Instagram или TikTok) и објаснуваме како тие влијаат на нашето/нивното размислување.
2. Користење на националните стандарди
Ја поврзуваме
медиумската писменост со образовните
стандарди и целите на наставата. Објаснуваме
како разбирањето на медиумите е важно за
подобро учење и комуникација. Можеме
да ги истакнеме како многу важни аспекти
од националните стандарди а тоа е критичко размислување, решавање проблеми и
анализирање на различни извори на информации.
3. Интерактивни активности
Активности за анализа на медиуми е клучна и учениците можат
да анализираат различни типови медиуми. На
пример, можат да изберат некои објави на социјалните мрежи и да ги анализираат
од аспект на точност, цел и евентуална манипулација. По анализата треба да се организира дискусија на теми како што е - Како медиумите влијаат на
нашето размислување? или - Како
медиумите можат да бидат корисни или штетни?".
4. Поставување на конкретни прашања
Што е вистинито? Поврзи
ја медиумската писменост со критичкото размислување, така што учениците да се прашуваат: - Како да знаеме дали
информацијата што ја гледаме на интернет е точна? - Како медиумите ги обликуваат нашите ставови?
Прашајте ги
учениците дали некои реклами
или вести ги натерале да се чувствуваат лошо
или пак добро.
5. Практична примена
Охрабрете ги учениците да
создадат свој медиумски производ (например, кратко видео или пост на социјални
мрежи), што ќе им овозможи да покажат што научиле и да ги применат вештините на
медиумска писменост.
6. Понудете им примери од реалниот живот
Деца веќе од 12
години често се активни на социјалните мрежи, па можеш да им покажеш примери од
реалниот живот како што се лажни вести или интернет насилство и да разговарате
како тие може да се спречат или препознаат. На
овој начин медиумската писменост ќе стане прифатлива и поврзана со нивните
интереси, а истовремено ќе ја постави основата за развивање критички вештини
кои ќе им помогнат во иднина.
(2 наставни часа)
Comments
Post a Comment