Медиумска писменост и новинарството
Медиумска писменост и новинарството
-
Што
е медиумска писменост?
Медиумската
писменост е способноста да разбереш како работат медиумите, како се создаваат
вести и како да знаеш што е вистинито, а што не е. Ова е важно за да можеш да
се информираш правилно и да не бидеш измамен.
-
Што
се медиуми?
Медиумите
се начини на кои добиваме информации, како
што е:
Телевизија,
Интернет
(сајтови, социјални мрежи),
Весници и
списанија,
Радио.
Медиумите
ни помагаат да дознаеме што се случува во светот, но не секогаш сè што гледаме
или читаме е точно.
-
Како
работат новинарите?
Новинарите
се луѓе кои собираат информации и ги претвораат во вести.
Како го прават тоа (како научници):
Истражуваат
– проверуваат што се случува,
Проверуваат
факти – се осигуруваат дека информациите се точни,
Пишуваат
или снимаат – ја претставуваат приказната на јасен начин.
-
Како
да знаеш дали нешто е вистинито?
-
Провери
го изворот – Кој ја објавил информацијата? Дали е тоа доверлива страница или
човек?
-
Барај
повеќе извори – Ако истата вест ја објавиле неколку извори, веројатно е точна.
- Внимавај на емоциите – Ако нешто изгледа премногу неверојатно, можеби е измислено.
Зошто е
важно да бидеш медиумски писмен?
-
Да
не бидеш измамен од лажни вести.
-
Да
можеш да донесуваш правилни одлуки.
-
Да
научиш како да споделуваш вистински информации со другите.
Активности:
Игра
„Лажна или вистинска вест“ - Презентирај
им на учениците неколку вести и нека пробаат да откријат која е вистинита, а која е лажна.
Направете
своја вест – Учениците нека напишат приказна за настан во нивното
училиште, со проверка на факти.
На крај сите заедно извлекуваме заклучоци:
Дали сè што читаме на интернет е точно?
Како можеме да дознаеме дали некој лаже?
(2 наставни часа)
Comments
Post a Comment