Испитување на стереотипите во медиумите
Испитување на стереотипите во медиумите
а) Што се
стереотипи?
Обично се среќаваме со
дефиниција дека - стереотипите
се општи мислења или претпоставки кои ги имаме за одредени групи на луѓе, без
да ги познаваме вистински. На пример, можеби мислиме дека сите тинејџери се
бунтовници или дека сите спортисти се силни и агресивни и слично.
Дебатираме: Дали е точно
дека секој вреден ученик е добар во математика или секој спортист
е добар во сите спортови?
б) Како
медиумите ги користат стереотипите?
На пример
- кога гледаме телевизија или филмови, понекогаш ќе видиме дека некои луѓе се
претставени на многу сличен начин. Во
постарите филмови најчесто жените се претставени како нежни и се грижат
само за домот, додека мажите се храбри и силни.
Дебата - на стереотипи во филмовите што
сме ги гледале или во реклами и како тоа ве прави да се чувствувате?
в) Зошто
е важно да ги разбиеме стереотипите?
Стереотипите може да бидат штетни, затоа што не ги гледаме
луѓето како индивидуи, туку ги ставаме во широки категории. Кога ги разбиеме
стереотипите, стануваме попријателски настроени, разбираме и прифаќаме
различности.
Дебата - ако
мислиме дека само момчињата се добри во спорт, дали такво мислење може да
ги демотивира девојките и да не се вклучат во спортови. А исто така знаеме дека секој може да биде добар во
спорт, без разлика на полот.
г)Како да се бориме со стереотипите?
Важно е да размислуваме критички за тоа што го гледаме и
слушаме. Кога ќе видиме нешто што изгледа како стереотип, треба да дознаеме дали е вистинито. Дали сите луѓе треба да се исти? Дали тоа нешто ја покажува вистинската слика
за светот?
Дебата - Како
можеме да бидеме поотворени и да прифаќаме различни луѓе без да судиме за нив
врз основа на стереотипи?
д) Пример од реалниот живот
Во многу реклами, луѓето често се претставуваат со идеални
тела или среќни животи. Но тоа не е реалноста за сите. Реалните луѓе се
различни и тоа е нешто што треба да го цениме.
Дебата - Дали сте
виделе некои реклами што не се вистинити или ги претставуваат луѓето на начин
кој не е реален. Како се чувствувате кога ги гледате таквите реклами?
Од дебатите и искажаните
мислења изведуваме заклучок:
Самите
можеме да ги разбиеме
стереотипите во нашите животи, како во училиштето, така и во нашата секојдневна комуникација. Кога ги гледаме нашите пријатели, не треба да ги гледаме како членови на некоја група, туку како
индивидуи со свои уникатни карактеристики. На тој начин, можеме да научиме
повеќе за нив и да ја разбиеме сликата на стереотипите.
Овој пристап ќе им помогне на децата да ја разберат темата
на еден практичен и разбирлив начин, додека истовремено ги поттикнуваме да
размислуваат критички за медиумите и за начинот на кој ја претставуваат
реалноста.
(2 наставни часа)
Comments
Post a Comment