Посета на ФИНКИ
Посета на ФИНКИ
Посета на ФИНКИ во рамки на проектот „Развивање и тестирање на наставна програма за медиумска писменост“
Во рамки на проектот „Развивање и тестирање на наставна програма за медиумска писменост“, кој го имплементира Центарот за иновации и дигитална едукација заедно со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија и тимот на TechCamp на Стејт Департментот на САД од Вашингтон, ученици од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“,Ранковце под менторство на нивните наставници заедно со ученици од ООУ „Блаже Конески“ (Прилеп), ООУ „Марко Цепенков“ (Зелениково), ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „Петар Поп Арсов“ (Скопје) имаа посета на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Целта на посетата беше запознавање со начинот на креирање едукативни игри со фокус на медиумската писменост. Воведното обраќање го имаше продеканот за наука и соработка, д-р Петре Ламески. Професорот д-р Владимир Трајковиќ преку презентација претстави некои од платформите за развој на игри како Unity, Scratch, Game Maker и други. Преку дискусија, тој ги водеше учениците до одговорите на прашањата: Како се раскажува приказна? Што ја прави една игра интересна? Кој е најважниот елемент на играта? Како да се избере добра едукативна игра? Што е едукативна вредност? Своја презентација имаше и тимот за создавање игри T H E S H E P H E R D O F F I C I A L . I T C H . I O составен од Димитри Стојановски, Кристијан Стојковиќ и Христијан Мијалески Спасески, кои го покажаа процесот на создавање игри кој се состои од создавање концепт, основен дизајн, имплементација, тестирање и објавување. Тие исто така дадоа едноставен пример во GODOT ENGINE и ги презентираа нивните игри The Shepherd и Flowers. Пред учениците беше претставен и моќниот суперкомпјутер со 1008 јадра, поставен во Лабораторијата за пресметување со високи перформанси. Системот се користи за истражување во пресметковната хемија, физика, сеизмологија, метеорологија, геологија, биомедицина и во производната индустрија.





Comments
Post a Comment