ПРОЕКТЕН ТИМ
Оснувачи на проектот:
Активностите за проектот ги започнавме со заеднички состанок на сите членови на тимот на проектот каде се договоривме околу изборот на ученици и наставници кои ќе бидат вклучени во тестирањето и развивањето на програмата за медиумска писменост, како и улогите и одговорностите на наставниците учесници. Се договоривме околу изработката на веб страната. На состанокот беше направена и предлог рамка на програмата. На следните состаноци во декември и јануари беше финализирана програмата по која ќе работиме со учениците и беше направен изборот на ученици и наставници од секое училиште кои ќе бидат вклучени во тестирањето на програмата.
Со почеток на второто полугодие 2023/2024 стартувавме со проектот во проширен тим од наставници и ученици. Дизајнираме активности кои ќе ги збогатат знаењата и разбирањата на учениците за медиумската писменост и ќе ги поттикнат на активно учество и соработка.
На
дводневната обука наставниците имаа прилика да се запознаат со активностите кои
беа реализирани на Tech Camp во Охрид и детално ги запознавме со нашиот проект
и нивната понатамошна улога во проектот. Односно од следната работилница во
клубот и тие ќе се вклучат активно во реализацијата на програмата, а не како до
сега само да не следат.
До
13.6.2024 ги завршивме сите предвидени активности од програмата и на
14.6.2024г. имавме заедничка завршна активност сите 5 училишта. Активноста се
одржа во Струга во American Corner.
По
завршувањето на активностите со учениците тимот направи ревидирање на
програмата и истата ја доставивме до БРО за одобрување за изборен предмет. До
завршувањето на проектот добивме позитивни сигнали дека истата ќе биде одобрена
т.е повратната информација е дека се потребни одредени мали технички корекции
на истата. До почетокот на учебната година 1.9.2024 се надеваме дека сите
формалности околу одобрувањето ќе бидат
завршени.







Comments
Post a Comment