Posts

Showing posts from June, 2025

Една вистинита приказна за тешките услови и непоколебивоста на учителка Петра

Image
  Една вистинита приказна за тешките услови и непоко лебивоста   на учителка Петра Со месеци наназад, просторот во кој секојдневно требаше да престојуваат околу 100 ученици се среедуваше бавно и со минимални средства. Влагата и мувлата беа постојано присутни, а по ѕидовите и мебелот се движеа лебарки и мравки. Просторијата често беше исполнета со непријатна миризба - мешавина од распаднати животински остатоци, чудни хемикалии и запалена гума. Големи дупки од мравјалници, мебел натопен со влага и остатоци од исушени стебла на одамна исечени дрвја во дворот создаваа глетка што повеќе наликуваше на напуштен магацин отколку на училница. Сама и без поддршка, Петра не можеше да ја надмине оваа состојба. Осум месеци упорно поднесуваше молби и барања - до училиштното раководство, општината, Министерството за образование, па дури и до Бирото за развој на образованието. Не бараше многу - само дозвола да повика неколку работници, кои самата ќе ги плати, за да се приведе простор...

Морални вредности на наставникот

Image
  10. приказна за медиумска писменост - Морални вредности на наставникот       Во еден мал град, каде што училиштето било срцето на заедницата, живеела наставничка по име Петра. Таа била позната по својата посветеност и љубов кон учениците, но исто така и по својата способност да им пренесе не само знаење, туку и важни морални вредности. Еден ден, за време на часовите по медиумска писменост, Петра ги запрашала своите ученици: „Што претставува медиумската писменост за вас?” Еден ученик одговорил: „Тоа значи да умееш да разликуваш добри и лоши информации.“ Петра се насмевнала и рекла: „Точно, но медиумската писменост не се однесува само на тоа што читате, туку и на тоа што гледате, слушате и дури како се однесувате на интернет и во реалниот живот .“ Друг ученик ја запрашал: „Можете ли да ни кажете нешто повеќе за професијата наставник? Колку е лесно да се биде наставник денес?“ Петра малку се подзамисли и одговори: „Една од најодговорните професии...

Интелектуална сопственост

Image
  Приказна за медиумска писменост: Интелектуална сопственост Во едно мало, но вредно училиште, среде мирен крај каде децата сè уште учат да ја почитуваат природата, работеше учителката Петра. Таа не беше само обична учителка - таа беше идеалист, човек кој вложува срце и душа во сè што прави. Посветена на иднината, на децата и на планетата, Петра се трудеше да сочува нешто уникатно што не постоеше во другите училишта низ државата: предметот "Екологија". Го водеше волонтерски, без надомест. Самa си ja подготвуваше програмата, правеше постери, ги водеше учениците во акции за чистење, организираше училишен еко-весник и дури учествуваше во меѓународни проекти. Имаше  успеси и признанија, но повеќе од сè - задоволство. Еден ден, додека брзаше до училницата, влезе во канцеларијата и ги затекна две колешки како ја препишуваат нејзината програма. Ја печатеа на свое име, подготвени да ја поднесат на конкурс. Петра онеме. Нејзината работа, нејзиниот труд, нејзиниот сон - препишан, пр...

“Кога паркингот станува пречка за човекови права”

Image
  Лекција за медиумска писменост: “ Кога паркингот станува пречка за човекови права”   Цел на лекцијата: Да се развие критичко размислување кај учениците/граѓаните. Да се разбере улогата на медиумите во заштита на човекови права. Да се научи како да се препознае неправда и како да се известува одговорно и етички.   Вовед: Вистинита приказна Во едно јавно претпријатие, секојдневно се случува нешто што за некои изгледа “обично”, но за едно лице - работник со телесна попреченост - тоа претставува пораз и попречување на основните права. Директорот на претпријатието често паркира во преминот наменет за возила на итна медицинска помош и пожарна служба. Токму низ тој премин мора да влезе и работникот со инвалидитет . Денес повторно не може да помине. Ако се случи пожар или некој колабира - и тие возила нема да можат да пристапат затоа што преминот е блокиран. .   Правен и етички контекст Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на лицат...