Posts

Showing posts from March, 2025

14. март - Меѓународен ден на математиката/ Ден на бројот пи/ Роденден на Ајнштајн

Image
  1 4. март - Меѓународен ден на математиката, Ден на бројот пи, роденден на Ајнштајн, ..... многу поводи денот да го сториме посебен.

Пролетни фестивали на наука 2025

Image
 Фестивал на наука: "Кога физиката станува забава!“ Дали физиката може да биде забавна? На нашиот фестивал на науката "Отворени часови по физика", одговорот е ДА! Овој уникатен настан ja претвори училницата во вистинска лабораториjа каде што учениците, преку интерактивни експерименти, го истражуваа светот на физичките закони. Иако најголемиот дел од гостите беа присутни онлајн, возбудата и љубопитноста беа сосема реални. Секој час беше посебна авантура. Учениците со ентузијазам изведуваа различни експерименти – од демонстрација на законот на Архимед, преку оптички илузии, до создавање мини катапулт за да се објасни законот за запазување на енергијата. Додека некои ученици покажуваа како магнетите дејствуваат со невидлива  сила, другите експериментираа со светлината и нејзиното прекршување. Иако настанот беше отворен за родители, наставници и ученици, најголемиот дел од публиката беше присутен виртуелно. Но, тоа не ја намали возбудата – онлајн гостите активно поста...

Пролет 2025

Image
Утре, на 20 март, во 11 часот и 01 минутa ќе ја пречекаме пролетта. На првиот ден од пролетта, денот и ноќта траат по 12 часа и се еднакви, па тој ден се нарекува ден на пролетната рамноденица. Секоја рамноденица ни е предвидена за Ератостенов експеримент. Со оглед на тоа што пролетта започнува утре, на многумина можеби им изгледа чудно што во училиште учеле дека пролетта започнува на 21 март. Не  учеле погрешно. До 2011 година, пролетта навистина започнувала на 21 март. Оттогаш започнува на 20 март. До 2011 година датумот се менуваше меѓу 20 и 21 март. Така ќе биде до 2048 година, кога почетокот на пролетта ќе биде меѓу 19 и 20 март. Дури во 2102 година почетокот на пролетта повторно ќе биде на 20 и 21 март. Пролетта започнува кога Сонцето, во своето годишно движење, го преминува екваторот и започнува да се движи кон север. На 20 март, Сонцето ќе изгрее точно на исток во 6 часот и 24 минути и ќе зајде на запад во 18 часот и 24 минути (локално време). Постојат два различни метод...

Happy International Pi Day! (Игра: Алгоритамска трка)

    Игра: Алгоритамска трка Како   се игра: Подели ги учесниците во два тима. Целта на играта е да ги водат своите тимови низ непознат   терен   користејќи само алгоритамски   инструкции. На пример, на почетокот на патеката можеш да поставиш СТАРТ со неколку   к инструкции ,   на пример : Скокни 3 пати, заврти се за 90 степени на лево, ............. потоа тимот ќе треба да ги води со јасни инструкции – алгоритми, за да ги одведат до целта. На пример:   изоди 10 чекори напред , заврет се за 90 степени на десно, скокни 3 пати, погледни на горе и слично . За да биде интересна играта, можме да воведеме временски лимит и да додадеме   некои неочекувани бариери,   што тимот треба да ги надмине. Многу успех и забава ви посакувам.

Happy International Pi Day! (Игра: Мали програмери)

 Игра: Мали програмери  Како да се игра: Играта се игра во групи. За да создадеш играта, ќе ги распоредиш учесниците во ред (или круг). Користи некои основни кодирани команди за да ги водиш учесниците. На пример: 1 – изоди 2 чекори на пре д 2 – крени ги рацете високо 3 – Заврти се во круг 4 – помини 3 чекори назад 5 – Потскокни 6 – плесни со рацете 7- тропни со нозете 8 – клекни 9 – поклони се Водете ги учесниците како да се   мали програмери кои     следат прост код. На пример, ако им кажеш   3,1 4 1 5 9   2 6 5   3 5 тие треба да го следат редоследот на команди и да извршат соодветни активности. Секој круг може да има нови команди или да се вклучат нови правила. Многу   успех и забава   ви посакувам.

Осмомартовска акција /8 Mart Etkinliği

Image
 По повод 8-ми март, осмоодделенците од ООУ „Димитар Миладинов“ спроведоа акција за чистење на училишниот двор. При тоа собраа осум кеси од по 60 литри со ресфрлени отпадоци. Утврдивме дека треба да работиме на развојот на еколошката свест и веќе подготвуваме планови за активности во рамките на Деновите на пролетта, кои ќе се одржат од 20 до 28 март 2025 година. 8 Mart vesilesiyle, “Dimitar Miladinov” İlköğretim Okulu’nun sekizinci sınıf öğrencileri okul bahçesinde temizlik kampanyası düzenledi. Bu sırada, etrafa saçılmış atıklardan sekiz adet 60 litrelik çöp torbası topladılar. Çevre bilincinin geliştirilmesi üzerinde çalışmamız gerektiğini belirledik ve 20-28 Mart 2025 tarihleri arasında gerçekleştirilecek Bahar Günleri kapsamında yapılacak etkinlikler için şimdiden planlar hazırlıyoruz.