Иницијативи - Нова Македонија - 16.07.2024
Иницијативи По успешно завршениот камп за медиумска писменост „Справување со дезинформации преку образование“, тим од наставници од пет основни училишта од Македонија по добиениот грант започна со реализирање на проектот „Развивање и тестирање наставна програма за медиумска писменост“, кој го имплементира Центарот за иновации и дигитална едукација, заедно со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија и тимот на „Теч камп“ (TechCamp) на Стејт департментот на САД од Вашингтон. Носители на овој проект се училиштата: ООУ „Петар Поп Арсов“ – Карпош, Скопје; ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп; ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ – Ранковце; ООУ „Димитар Миладинов“ – Центар, Скопје и ООУ „Марко Цепенков“ – Зелениково, Скопје.