Empowering Education: My Transformative Experience at Ohrid TechCamp 2023 - Aida Petrovska


My Experience at Ohrid TechCamp 2023

My name is Aida Petrovska and I am a physics teacher in the primary municipal school Dimitar Miladinov, Skopje, Macedonia, with 30 years of teaching experience.

In August 2023, I had the opportunity to attend the Ohrid TechCamp 2023, an extraordinary experience that every educational worker should experience.







The TechCamp Experience

TechCamp Ohrid 2023 with the theme "Fighting disinformation through education", brought together the best educators - media professionals and technology enthusiasts who selflessly shared their knowledge and skills with all of us.

Days spent at the camp were filled with learning, collaboration, sharing and counseling. We explored new technologies, approaches, and shared ideas and strategies for dealing with disinformation.

Every day we had practical workshops with full-day engagements and thematically designed. We researched media bias, fact-checking techniques, ethical implications of journalism, creating multimedia projects, digital storytelling, and more. We have become more adept at recognizing and dealing with misinformation.

Advice for Future TechCamp Participants

If you get the opportunity, be sure to apply to become part of TechCamp. Why I recommend it:

1. Possibility of exchanging ideas and good practices with people who are interested in the same topic – Media Literacy.

2. Let's train for teamwork. Let's learn from each other and each other. We are known for individual work but we have no experience with teamwork so this is a great opportunity.

3. Active participation in debates, discussions, workshops provide invaluable and lasting experiences that you will enrich by sharing them with your students.

4. The acquired experiences and friends initiate new collaborations and projects, both with colleagues and with all trainers and facilitators.

My Follow-On Project

After the successful completion of TechCamp, I became part of a team of teachers from five elementary schools from Macedonia to implement the project "Developing and testing a curriculum for media literacy". This initiative was implemented by the Center for Innovation and Digital Education, Supported by a grant from the Embassy of the United States of America and the TechCamp team from the US Department of State.

The participating schools included:

- OOU Dimitar Miladinov - Centar, Skopje

- OOU Blaze Koneski – Prilep

- OOU "Petar Pop Arsov" - Karposh, Skopje

- OOU Hristijan Todorovski Karposh - Rankovce, Kriva Palanka

- OOU Marko Cepenkov - Zelenikovo, Skopje

The goal of the media literacy program is to improve critical thinking and analysis of media content.

It focuses on understanding media bias and the ethical aspects of media production.

Students learned to identify and fact-check, understand the media's influence on public opinion and politics, and express themselves creatively through digital storytelling.

Impact and Outcomes

The media literacy program had a great impact on both the students and teachers involved. Discussions and debates on media literacy topics such as freedom of expression and responsible use of the media encouraged critical thinking and a different view of all information that is marketed through the media.

One of the outcomes was the creation of a website, www.nasmedium.edu.mk, a blog dedicated exclusively to the project, https://nasmedium.blogspot.com/, where we inform and publish resources and best practices for implementing the program in elementary schools.

Future Collaborations

All the teams from TechCamp Ohrid collaborated and applied what we have learned. I believe that in the coming year 2024/2025 new projects will emerge from the same Teams. This was the drop we needed to make an ocean.

I shared what I have learned with my colleagues during the regular webinars that I hold twice a month.

------------------------------------------------------------------------------


Зајакнување на образованието:

Моето искуство стекнато во  Охрид TechCamp 2023

Се викам Аида Петровска и сум наставник по физика при основно општинско училиште "Димитар Миладинов", Скопје,  Македонија, имам 30 години работно искуство во наставата. Во август 2023 година имав можност да присуствувам на Охридскиот TechCamp 2023, несекојдневно  искуство кое треба да доживее секој просветен работник. 

Искуство стекнато во TechCamp

TechCamp Ohrid 2023 со тема „Борба против дезинформациите преку образование“, ги собра најдобрите едукатори - медиумски професионалци и технолошки ентузијасти кои несебично со сите нас го споделија своето знаење и вештини. Денови поминати на кампот беа исполнети со учење, соработка, споделување и советување. Истражувавме нови технологии, приоди, техники, разменувавме идеи и стратегии за справување со дезинформациите.   Секојдневно имавме практични работилници со целодневни ангажмани кои беа тематски осмислени. Истражувавме за медиумската пристрасност, техники за проверка на фактите, етичките импликации на новинарството, креирање на мултимедијални проекти, дигитално раскажување приказни, и др.  Станавме повешти во препознавањето и справувањето со дезинформациите.

Совети за идните учесници во TechCamp

Ако ви се укаже можност, задолжително аплицирајте да станете дел од TechCamp, а еве зошто го препорачувам:

1.   Можност на разменување на идеи и добри практики со луѓе кои се заинтересирани за истата тема – Медиумска писменост.

2.   Да се обучиме за тимска работа. Да учиме едни од други и едни со други. Познати сме по индивидуална работа но немаме искуство со тимска работа па оваа е одлична можност.

3.    Активно учество во дебати, дискусии, работилници кои даваат непроценливи и трајни искуства, а исто така  ги збогатуваме споделувајќи ги со нашите ученици.

4.    Стекнатите искуства и пријатели  иницираат нови соработки и проекти, како со колегите така и со сите обучувачи и олеснувачи.

Мојот тековен проект произлезен од TechCamp

По успешното завршување на TechCamp, станав  дел од тимот на наставници од пет основни училишта од Македонија  за да го имплементираме проектот „Развивање и тестирање на наставна програма за медиумска писменост“. Оваа иницијатива беше спроведена од Центарот за иновации и дигитално образование, Поддржана со грант  од Амбасадата на Соединетите Американски Држави и тимот на TechCamp од Стејт департментот на САД.

Училишта учесници во проектот:

- ООУ Димитар Миладинов - Центар, Скопје

- ООУ Блаже Конески – Прилеп

- ООУ „Петар Поп Арсов“ - Карпош, Скопје

- ООУ Христијан Тодоровски Карпош - Ранковце, Крива Паланка

- ООУ Марко Цепенков - Зелениково, Скопје

Цел на програмата за медиумска писменост е подобрување на  критичкото  размислување и анализа на медиумските  содржини.  Се фокусира на разбирање на медиумската пристрасност и  етичките аспекти на медиумската продукција. Учениците веќе  научија да препознаваат и проверуваат факти, да го разбираат влијанието на медиумите врз јавното мислење и политиката како и креативно да се изразуваат преку дигитално раскажување на приказни.

Влијание и исходи

Програмата за медиумска писменост имаше големо влијание и врз вклучените ученици и наставници. Дискусиите и  дебатите на теми од медиумска писменост  како слободата на изразување и одговорното користење на медиумите поттикнаа критичко размислување и поинакво гледање на сите информации кои се пласираат преку медиуми. Еден од исходите беше создавањето на веб-страница, www.nasmedium.edu.mk, како и блог наменет исклучиво за проектот, https://nasmedium.blogspot.com/ , каде што информираме,  објавуваме ресурси и најдобри практики за спроведување на програмата во основните училишта. 

Идни соработки

Со сите тимови од TechCamp  Охрид соработуваме и го применуваме наученото. Верувам дека и во наредната 2024/2025  година ќе произлезат и нови проекти од истиве. Оваа беше потребната капка за да направиме океан. Наученото го споделувам со колегите  при редовните вебинари кои ги оддржувам два пати во месецот.






Comments

Popular posts from this blog

Развивање и тестирање наставна програма за медиумска писменост

предавање од Марија Станкова на тема "Вештачка интелигенција"