Завршна манифестација и затворање на проектот Медиумска Писменост - Струга 2024
14. 06.2024, Струга - завршна манифестација и затворање на проектот Медиумска Писменост.
ЗАКЛУЧОК:
Медиумската писменост во 21-от век е
најбитна вештина која ги обединува
сите други писмености (функционална, математичка, финансиска,
информатичка, политичка,..). Нашите деца
24/7 живеат во свет на моќни медиуми.
Влијание на проектот и научените лекции
Влијание во ООУ Димитар Миладинов:
Влијание врз нашата работа на самиот почеток:
Првичните проектни цели
и задачи беа да разбереме што е, а што не е медиумска писменост. Сите наши сознанија ги добивме преку медиумите (телевизијата, социјалните мрежи, интернет порталите). Кон сите информации
постапувавме критички, се трудевме да откриеме дали се вистинити, да ли се
пишувани во нечија корист – пристрасно. Сите заклучоци ги образложувавме/
оправдувавме со факти кои придонесле да дојдеме до такви заклучоци, а попатно
внимававме да бидеме безбедни на интернет.
Се што научивме и
применивме го ставивме во програма за изборен предмет кој ако се прифати од БРО
ќе има значајно влијание врз
подигнувањето на свеста за медиумска
писменост, особено кај најмладите.
Конкретни резултати
Подолгите рокови се градат на здрав фундамент. И во иднина,
кај новите генерации треба да развиваме
вештини кои ќе им помогнат да ги препознаваат вистинските вредности во медиумските содржини. Само на тој начин ќе
можат правилно да одлучуваат што да
прифатат, а што да отфрлат. Во секоја медиумска објава ке го откриваат авторот
и неговите побуди да ја пласира дадената информација. Ке изанализираат што е
тоа што им привлекува внимание, кои вредности се претставени во пораката, зошто
многумина поинаку ја толкуваат информацијата.
Од тие причини се решивме да подготвиме предлог наставна програма за изборен
предмет. Како изборен предмет нашиот проект ќе има долгорочно влијание и ќе
всади добар фундамент за медиумска писменост кај нашите ученици.
(една од проектните акривности)
Дигитален активизам за промена на неправдата во соседството
Во една старo и запуштена станбена зграда живеела возрасна жена, која и
покрај нарушеното здравје, секојдневно излегувала од третиот кат и слегувала по
старите, стрмни скали, за да оди на пазарување. Зградата немала лифт, но тоа не
ја спречувало да ја продолжи својата рутина. Сепак, една работа ја
вознемирувала секој ден во
последните три години – поплавувањето на одморалиштето на приземје, пред
скалите. Се жалела на хигиеничарите, но се чувствувала неслушната.
Еден ден, одлучила да го провери просторот до одморалиштето и открила
нешто уште поскандалозно. Просторијата до одморалиштето била депонија, а на
средина имало шахта од која извирала фекална вода. Водата брзо се ширела,
поплавувајќи го подот и преминувала низ ѕидовите на одморалиштето. Жената брзо го побарала
домарот, кој, иако најверојатно бил свесен за проблемот, не преземал никакви
дејства.
„Не се мачи, нема да се случи ништо дури и да повикаш медиуми“, и рече
домарот, со подценувачки тон. „Знаеме што правиме, ти ништо не можеш. Не си го троши времето.“
Жената, разочарана од неговиот одговор, сфатила дека мора нешто да
направи. Се почувствувала беспомошно, но истовремено, имала чувство дека можеби
постои начин да се спречи понатамошната штета и да се изврши притисок врз тие
што ги уништуваат не само зградата, туку и достоинството на жителите.
Тука настапуваат децата од зградата, кои ѝ предложија решение:
„Пратете пошта до сите што треба да дознаат, објавете на интернет. Не
дозволувајте да ви ја уништат зградата и угледот“, рекоа тие.
Жената се одлучи да постапи според нивните совети. Одлучи да започне со
дигитален активизам. Објави пост на фејсбук, го сподели проблемот со своите
соседи и започна кампања на интернет. Направи блог, интернет страница, на која
беа обележани сите инволвирани лица и институции кои не реагираа на
алармантната ситуација.
Не помина многу време, и чудото се случи. После три години мачење и
обиди за промена по легален пат,
проблемот беше решен за еден час. Властите ја презеле акцијата, проблемот беше
решен, а зградата повторно беше безбедна и чиста.
ЗАКЛУЧОК:
Користењето
интернет не е грда работа, не е понижување, напротив, тоа е вештина за унапредување и создавање подобро
општество. Интернетот е наше секојдневие
и пристапот до интернет е прогласен од Обединетите нации за едно од човековите права. Користете го
интернетот за ширењето на вистини, затоа што е гласен и моќен. Тоа не можете и
не смеете да го правите од лажни профили и анонимно. Зад секоја вистинита
информација или вест стои познат автор.
Дигиталниот активизам е присутен и кај нас, иако не во
доволна мера поради нашиот карактер, па честопати премолчуваме, заборавајќи
дека молчењето е соучесништво.
Од тие причини е
неопходен еден изборен предмет во основното образование кој ќе ни даде
вистински основи од медиумската етика, критичко размислување и правилно користење на медиумите.
Треба да пишуваме само вистини и да објавуваме вистинити
факти, ако сакаме здрав медиумски простор и описменети поколенија во секоја
смисла.
Научени лекции, Аида Петровска:
Се уверив дека медиумската писменост е способност да пристапиме, анализираме, процениме и создаваме медиумски содржини.
Поинаку гледам на секоја
медиумската содржина, се обидувам
да ја проценам и утврдам дали е релевантна, вистинита или пак пристрасна.
Социјалните мрежи ги користам за споделување позитивни
вредности и корисни цели.
Станав свесна за моќноста на медиумите и нивното влијание
врз јавното мислење и врз одлуките на граѓаните без разлика на возраста.
Токму тоа се причините поради кои мислам дека е неопходен ваков предмет во основното образование, како и сознанието колку голем дел од денот нашите ученици го поминуваат со медиумите.
Што научив од оваа искуството?
Медиумската писменост во 21-от век е
најбитна вештина која ги обединува
сите други писмености (функционална, математичка, финансиска,
информатичка, политичка,..). Нашите деца
24/7 живеат во свет на моќни медиуми.
Не само децата, сите, ако се описмениме медиумски ќе се здобиеме со способност
за декодирање на медиумски пораки, проценување на влијанието на тие пораки врз
мислите, чувствата и однесувањата како и
смислено и совесно создавање на медиум. Само организирано и планирано едуцирање од најмала
возраст ќе вроди со плод и ќе имаме описменети генерации.
Конкретен пример/наше искуство: Создадовме едноминутно
видео во кое успеавме да сместивме цел едногодишен проект. Научивме да
селектираме информации и избираме најбитното.
Направибме и медиумски експеримент, а од исходите бевме премногу изненадени и др.
Comments
Post a Comment