Posts

Showing posts with the label Ana Ivanovska

Како физиката им помага на животните да живеат паметно?

Image
 Особена чест беше да присуствуваме на предавањето од др. Ана Ивановска, некогашна ученичка на нашето училиште, на тема: Како физиката им помага на животните да живеат паметно . Секогаш темелна, речита и инспиративна. Благодарам Ана👏👏👏 Биодиверзитетот на нашата планета Земја е уникатен.  Секој животински вид има свои единствени предности кои му овозможуваат да живее во идеална рамнотежа со екосистемот. Пајаците: најталентираните инженери во природата Многу видови на механички системи користат еластична потенцијална енергија. Еден од тие системи е пајаковата мрежа. Овие системи го следат Хуковиот закон, кој тврди дека еластичниот материјал ќе се врати во својата почетна позиција откако ќе биде изложен на сила. Количината на силата која се применува е пропорционална на истегнувањето на материјалот. Архитектурата на мрежата – формата и дизајнот и го овозможуваат ова. Тој исплетува нишки и ги протега во сите правци, што создава напнатост на мрежата. Кога ќе почувству...