Posts

Showing posts from April, 2025

Почеток на крајот - Успешна приказна - Приземен кабинет по физика

Image
  Почеток на крајот – Успешна приказна – Приземен кабинет по физика По две години упорно, понекогаш и тивко, барање помош од сите можни институции, конечно се наѕираат убави вести. Резултатот што толку долго го очекував е сè поблиску. Не велам дека се борев – едноставно, немав избор. Старите велат: „Што е наше – ќе си дојде.“ Родителскиот совет беше навремено информиран за сè, но веројатно моите барања не беа сфатени сериозно или и тие беа беспомошни како мене.. Последиците од таа негрижа ги чувствуваме сите. Наместо да бараат решенија, некои славеа мали победи стекнати со невистини и нечесност. Оваа седмица (втора во април) ветува почеток на крајот – крај на една грда приказна која, и покрај сè, води кон успешен нов почеток. Моите „почетоци“ од ковид-навака секогаш се случуваат кон крајот на учебната година. Верувам дека на 10 јуни, кога сè ќе стане неважно – ќе се случи. За да бидам разбрана, приказната ќе ја раскажам низ минимум фотографии – но да знаете, зад секоја фотограф...

Регионален натпревар по физика 2025

Image
Известување: По завршувањето на регионалните натпревари по физика, одржани на 5 април 2025 година, Друштвото за физика на Република Македонија (ДФРМ) го објавува списокот на ученици кои избориле пласман за учество на Републичките натпревари по физика. Еден од нив е ученикот Филип Хаџи Велков од ООУ "Димитар Миладинов", Скопје, кој со освоени 100 бода е апсолутен победник на регионалниот натпревар.

🌳Spring Tree Campaign 2025

Image
 За  кампањата - Пролетно дрво 2025 година,  ја препорачуваме  апликацијата      GrowApp GrowApp ви овозможува да правите анимации на дрвја, градини и пејзажи со фотографирање со вашиот паметен телефон. Апликацијата GrowApp директно ги трансформира направените слики во филм со временска рамка кој покажува промени во текот на годишните времиња, па дури и со текот на годините. Додека се забавувате правејќи анимација на вашиот двор, вие исто така им помагате на научниците подобро да го разберат влијанието на промените во времето и климата врз животната средина. Со воведувањето на сателитите стана   можно да се снима зелениот појас со мерење на зеленилото на целата копнена покривка. За секој блок од 25 на 25 или дури 5 на 5 метри зеленило податоци се достапни кога сателитот доаѓа и кога не е облачно. Сепак, сè уште не е можно да се идентификува видот што е фотографиран од вселената и проблем е зачестеноста на сликите. Со GrowApp можете да г...