Posts

Showing posts from March, 2026

Една деценија во eTwinning – благодарност, раст и инспирација

Image
  Една деценија во eTwinning – благодарност, раст и инспирација Веќе десет години сум дел од eTwinning - заедница што за мене никогаш не била само платформа, туку жив простор на знаење, креативност, поддршка и визија. Во тие десет години не само што реализирав проекти, туку растев - професионално, дигитално и човечки. Научив што значи соработка без граници, што значи да споделуваш идеи со колеги од различни образовни системи и култури, и што значи вистинска просветарска солидарност. eTwinning е една од највредните образовни заедници на кои сум имала чест да им припаѓам. Тоа е место каде што знаењето не се задржува, туку се умножува; каде што искуството не се крие, туку се споделува; каде што инспирацијата постојано кружи меѓу нас и нè мотивира да бидеме подобри за нашите ученици. Секоја активност, секој проект, секоја нова соработка беше чекор напред - кон поотворено, покреативно, подигитално и поевропско образование. Денес, преку European School Education Platform (ESEP), ов...