Posts

Showing posts from December, 2025

Научна празнична седмица во ООУ „Димитар Миладинов“- Скопје

Image
  Во последните пет работни дена од 2025 година , ООУ „Димитар Миладинов“ од Општина Центар – Скопје беше домаќин на исклучително успешен училишен научен фестивал , кој траеше цела седмица и ја обедини науката, креативноста и празничниот дух. Инспирирани од светски познатата иницијатива „Physics in Advent“ , како и од други научни божиќни манифестации ширум светот, создадовме автентичен училишен фестивал со цел науката да им се доближи на учениците и на пошироката заедница на интерактивен, забавен и истражувачки начин. Во рамки на фестивалот беа реализирани над 100 различни експерименти , кои ги опфатија сите теми од предметот физика што се изучуваат во седмо, осмо и деветто одделение во основното образование. Дел од експериментите служеа како интересно и практично повторување на веќе изучените наставни содржини, додека други беа вовед во теми што допрва следуваат, со што дополнително се поттикнуваше љубопитноста, логичкото размислување и истражувачкиот дух кај учениците. На наста...