СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ, НИВНАТА УПОТРЕБА И МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ КАЈ МЛАДИТЕ
Кратко објаснување: Од 16 до 19.08.2023 година, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, се одржа TechCamp за медиумска писменост под насловот „Спротивставување на дезинформации преку образование“. TechCamp беше организиран од Центарот за иновации и дигитално образование од Диг-Ед, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија и тимот на TechCamp на Стејт департментот на САД од Вашингтон. На овој TechCamp учествуваа 40 наставници од различни предметни области во основното образование, со цел зајакнување на нивната дигитална и медиумска писменост. Главната цел на TechCamp беше да се развие медиумската писменост и вештините за сајбер безбедност на наставниците, за да се спротивстават на погрешните информации и дезинформациите во училиштата, да се подобри социјалната кохезија меѓу различните етникуми и да се поддржи развојот на младите. За време на TechCamp наставниците беа обучени да создаваат отворени образовни ресурси за медиумска писменост и едукација за...